Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Историјата на вооружени масакри во училишта во Европа

0
By Zoran Ivanov on June 11, 2025 СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иако пукањата остануваат ретки во Европа, нападите со нож во училиштата се почести. Франција доживеа низа напади со нож во училиштата во последните години, вклучувајќи го и убиството на наставник од ученик во североисточна Франција во понеделникот.

Рози Бирхард

Вооружените масакри во училишта, универзитети и младински центри и натаму се ретки во Европа во споредба со САД. Во последните децении, европските влади ги заострија законите за оружје како одговор на масакрите.

Во пукањето во училиште во австрискиот град Грац загинаа најмалку 10 лица, што е најсмртоносниот ваков инцидент во земјата во последните децении. Трагедијата ја шокираше Австрија, каде што вооруженото насилство во образовните институции е реткост.

Според јавниот радиодифузен сервис ОРФ, од 1993 година се забележани четири инциденти со огнено оружје во австриските училишта. Меѓутоа, досега ниту еден не резултирал со повеќе од една смртна смрт – исклучувајќи го сторителот. Слични инциденти на училишни или универзитетски кампуси се случиле и на други места во Европа во последните неколку децении – од кои некои доведоа до промени во политиката.

Најсмртоносните масакри во училишта во Европа

Кога вооружен напаѓач уби 16 деца, на возраст меѓу пет и шест години, во шкотскиот град Данблејн во 1996 година, владата на Велика Британија брзо забрани приватно поседување пиштоли.

Германските пратеници ја зголемија старосната граница за поседување оружје и наредија случајни проверки на сопствениците на оружје за да се осигураaт дека го складираат своето оружје во согласност со прописите по масовните пукaња во 2000-тите години.

Во 2002 година, исфрлениот 19-годишен ученик Роберт Штајнхаузер отвори оган во училиште во

Ерфурт, убивајќи 12 наставници, двајца ученици, секретарка и полицајка, пред да изврши самоубиство. Потоа, седум години подоцна, во град Виненден, во јужна Германија,17-годишник пукаше и уби 15 ученици, наставници и минувачи во неговото поранешно училиште и во близина. Подоцна беше убиен во конфронтација со полицијата.

Во Србија, властите воведоа проверки на домовите на сопствениците на оружје и започнаа амнестија за нерегистрирано огнено оружје откако 13-годишно момче уби осум свои соученици и чувар во основно училиште во белградската населба Врачар во мај 2023 година. Осомничениот набрзо беше уапсен.

Report Ad

А, во декември истата година, 24-годишен студент уби 14 лица на универзитет во Прага со пиштол кој легално поседувал. Напаѓачот е убиен на лице место, веројатно од еден од неговите куршуми. Чешките пратеници сега се во процес на заострување на законите за огнено оружје.

Многу помалку напади во училиштата отколку во САД

Масакрите во училиштата или образовните институции остануваат ретки во Европа во споредба со Соединетите Американски Држави. Иако нема директни податоци за споредба на училиштата, истражувањето на Институтот Рокфелер за владата покажува дека САД претрпеле многу повеќе „јавни масовни убиства“ отколку земјите со слични нивоа на економски развој.

Ваквите инциденти се дефинирани од страна на тинк-тенкот, со седиште во Њујорк, како оние кои вклучуваат „најмалку некои жртви кои се избрани случајно и/или поради нивната симболична вредност“, исклучувајќи ги случаите на насилство спонзорирано од државата или организиран тероризам.

Според нивното истражување, 109 вакви инциденти се регистрирани во САД помеѓу 2000 и 2022 година, во споредба со шест во Франција, пет во Германија, три во Финска и по два во Велика Британија, Австрија, Италија, Холандија и Швајцарија во истиот временски период.

„Иако постојат многу фактори кои придонесуваат за овие напади, студиите покажуваат дека повисоката стапка на јавни масовни пукања во Америка е поврзана, барем делумно, со помалку рестриктивните закони за оружје и повисоките стапки на поседување огнено оружје од страна на цивили отколку во многу други земји“, напиша криминологот Џејсон Р. Силва во истражувачки блог за Институтот минатата година.

Во Европската Унија, централното извршно тело на блокот во Брисел – Европската комисија одредува минимални прописи за поседување и употреба на оружје во нејзините 27 земји членки, меѓу кои се Австрија и Германија. Националните влади можат да изберат дали ќе ги зајакнат основните правила со построги мерки.

Иако стапките варираат низ Европа, количеството на оружје останува значително помало отколку во САД. Според истражувањето на Смол армс срвеј, се проценува дека во 2017 година имало 120,5 парчиња цивилно огнено оружје на 100 луѓе во САД. Таа бројка била 4,6 во Англија и Велс, а 19,6 во Франција и Германија. Проценката за Австрија била 30 на 100 луѓе, додека Србија била највисока во Европа со 39,1.

И смртоносните напади со нож одземаат животи на деца во Европа

Иако пукањата остануваат ретки во Европа, нападите со нож во училиштата се почести. Франција доживеа низа напади со нож во училиштата во последните години, вклучувајќи го и убиството на наставник од ученик во североисточна Франција во понеделникот.

Во октомври 2023 година, маж кој бил под надзор поради сомневање за исламистичка радикализација избодел до смрт наставник во училиште кое претходно го посетувал во северниот француски град Арас – според извештаите во весникот Ле Монд. Во случајот кој ја шокираше Франција во 2020 година, 18-годишник го обезглави францускиот наставник Самуел Пати пред неговото училиште во близина на Париз.

Во Обединетото Кралство, минатата година избувнаа немири во неколку градови низ земјата откако лажни информации се раширија на интернет за 17-годишно момче кое избодело до смрт три девојчиња на возраст од шест до девет години на час по танц во Саутпорт.

И во Германија, обвинителите подигнаа обвинение против 17-годишник по четири точки за обид за убиство по напад со нож во средно училиште во градот Вупертал во февруари.
Напаѓач вооружен со нож уби седумгодишно дете и повреди неколку други во основно училиште во хрватскиот главен град Загреб минатиот декември, додека еден ученик и еден наставник беа избодени до смрт во средно училиште во северна Словачка во јануари годинава.

Извор: Дојче Веле

 

Европа Убиства училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.