Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Историски пад на францускиот БДП од 13,8 отсто во вториот квартал

0
By Нова ТВ on July 31, 2020 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Националниот институт за статистички и економски студии – ИНСЕЕ никогаш не забележал ваков колапс на економијата – Франција забележа историски пад од 13,8 отсто од својот бруто-домашен производ (БДП) во второто тримесечие поради епидемијата на коронавирус, покажуваат податоците на ИНСЕЕ. Потрошувачката на домаќинствата, главна компонента на растот, падна за 11 отсто, јави дописникот на МИА од Париз.

ИНСЕЕ исто така го ревидираше мерењето на активноста во првиот квартал, кој падна за 5,9 отсто, а не за 5,3 отсто, како што беше претходно објавено.

Сепак, шокот е помал од очекуваниот. ИНСЕЕ предвиде пад на активност во вториот квартал од околу 17 отсто во јуни. Во детали, активноста беше намалена од потрошувачката на домаќинствата, главната компонента на растот, која падна за 11 отсто. Инвестициите паднаа за 17,8 отсто, а извозот за 25,5 отсто.

– Негативната еволуција на БДП во првата половина на 2020 година е поврзана со престанокот на „несуштинските“ активности во контекст на ограничувањата воведени во средината на март и почетокот на мај, појаснува Институтот во соопштение.

„Постепеното укинување на ограничувањата доведува до постепено продолжување на економската активност во мај и потоа во јуни, по ниската точка која беше достигната во април“, додава ИНСЕЕ.

Најголем квартален пад на БДП на Франција пред кризата со коронавирус е забележан во вториот квартал од 1968 година, под влијание на генералниот штрајк во мај, што беше проследено со враќање од + 8 отсто во текот на летото. Подемот овој пат треба да биде сè поинтензивен бидејќи опаѓањето беше необично: прогнозата на ИНСЕЕ + 19 отсто за третиот квартал, Натаксис прогнозира + 16% отсто и Банката на Франција + 14 отсто.

Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025
ФОКУС

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

ВЕСТИ October 12, 2025

Светски лидери од повеќе од 20 земји ќе присуствуваат на самитот што е закажан за…

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
ТИКЕР

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.