Сеуште трае потрагата по телата на двајцата патници од малиот авион кој денеска околу 15 часот и 20 минути се урна во море во близина на Пула.
Авионот се урнал на 100 метри од малото пристаниште Помер, во медулинскиот залив. Според првичните информации станува збор за акробатски авион „Злин 242“ од чешко производство кој бил регистриран во Загреб во кој најверојатно управувале пилоти од Загреб.
Авионот летал ниско и се обидувал да направи акробации во воздухот, по што удрил во површината на морето и од силниот удар се распаднал и потонал во водата на осум метара длабочина.
Во полицијата за Регионал Експрес изјавиле дека е во тек акција за вадење на телата во која учествуваат поморската полиција и нуркачи.
На патниците се обиделе да им помогнат луѓето од чамците и бродовите кои биле во близина, за да ги извадат од згробениот авион но, безуспешно.