Иследниците во Франција ja испитуваат камерата која му била наместена на ски- кацигата на повредениот тркач на Формула 1, Михаел Шумахер, велат извештаите на медиумите.
Властите се надеваат дека преку уредот може да се откријат индиции за околностите на неговата скијачка несреќа на француските Алпи, изјави извор за новинската агенција АФП.
Полицијата, исто така го интервјуирала синот- тинејџер на Шумахер, кој бил сведок на несреќата.
Фановите претходно одржаа бдеење надвор од француската болница каде се лекува Ф1 легендата, за да го одбележат неговиот 45-ти роденден.
Поддржувачите на Ферари се собраа во клиниката во градот Гренобл и одржаа едноминутно молчење во петокот попладне.
Семејството на Шумахер во изјава рече дека тие биле потресени до солзи и “крајно трогнати” од “неверојатните симпатии” кои се покажани од страна на навивачите.
Германскиот шампион, кој се пензионираше во 2012 година е во медицински индуцирана кома откако доживеа повреди на главата за време на падот во одморалиштето на Мерибел минатата недела.
Неговиот шлем испука кога тој удри во карпа, додека скијаше надвор од пистата.
Тој останува во стабилна, но критична состојба по две операции за отстранување на крв и притисок од неговиот мозок.