Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрага за импичмент на Трамп: Се спаси од руската, но му се заканува „украинска врска“

0
By Нова ТВ on September 25, 2019 ВЕСТИ
Фото: Еј Би Си
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претставничкиот дом на САД започнува официјална истрага за отповикување на претседателот Доналд Трамп. Спикерот на овој дом на Конгресот од редот на демократите Ненси Пелоси вчера објави дека постапката е иницирана поради тоа што активностите на претседателот „сериозно го прекршиле Уставот“ и претставуваат „предавство на национална безбедност“.

-Претседателот мора да одговара. Никој не е над законот, рече Пелоси на прес конференцијата.

Пелоси најави дека Претставничкиот дом ќе испита дали Трамп побарал од украинскиот претседател Володимир Зеленски за спроведе истрага поврзана со синот на Џо Бајден, кој најави дека ќему биде противкандидат на изборите во 2020 година.

Трамп кој е на Генералното собрание на ООН во Њујорк, преку серија твитови порача дека ова е „вознемирување на претседателот“, „ѓубре“ и уште еден „лов на вештерки“.

Тој вчера рече дека ќе го објави „нередактираниот транскрипт“ од неговиот телефонски разговор со украинскиот претседател, што се наведува како доказ дека Трамп извршил притисок врз Зеленски да спроведе истрага за синот на Бајден, Хантер.

-Јас во моментов сум во Обединетите нации кадешто ја претставувам нашата земја, но дадов овластување утре да биде објавен комплетниот, целосно декласифициран и нередактиран запис од мојот телефонски разговор со претседателот Зеленски од Украина, напиша Трамп на Твитер.

Причините за импичментот

„Свиркач“ поднел тужба за која се вели дека се однесува на телефонскиот разговор на Трамп на  25 јули со украинскиот претседател Зеленски. Во повикот Трамп побарал од Зеленски да спроведе истрага за синот на Бајден, кој е дел од најголемата украинска компани за гас Бурисма.

Во понеделникот, „Вашингтон пост“ прв објави дека Трамп, неколку дена пред разговорот со Зеленски, побарал од в.д. шеф на кабинет Мик Мулвани да ги замрзне речиси 400 –те милиони американски долари воена помош за Украина пред да разговара со Зеленски.

Трамп призна дека ја одложил помошта во Украина, но тврди дека не била поврзана со Бајден, со објаснување дека чекал европските држави да го дадат нивниот удел во помошта, тврдејќи дека немало уцена од типот „услуга за услуга“.

На прес-конференцијата вчера попладне, Бајден рече дека разговорот со Зеленски е „злоупотреба на моќта“ и ја повика администрацијата на Трамп „да му ги обезбеди на Конгрес сите факти што му се потребни“, вклучувајќи копија од жалбата на свиркачот.

 Има ли вистина во тврдењата за Бајден?

По револуцијата во Украина во 2014 година, тогашниот потпретседател на САД Бајден стана главен човек на Обама, кој честопати ја посетуваше земјата, со задача да се справи со корупцијата.

Во тоа време, неговиот син Хантер доби профитабилна позиција во одборот на најголемата приватна компанија за гас во Украина, Бурисма.

Уште веднаш се појавија тврдења за можен судир на интереси, но Бајден за цело време тврди дека неговиот син е обичен граѓанин кој донесува свои одлуки.

Администрацијата на Обама, всушност, поддржуваше истрага за Бурисма, бидејќи сопственикот имал блиски врски со тогаш соборениот претседател.

Бајден дури се закани тогаш дека ќе ја прекине американската помош ако главниот обвинител за кој се сметаше дека не ја истражува корупцијата, не биде отстранет од функцијата.

Поддржувачите на Трамп сега велат дека Бајден всушност го сторил ова за да неа истрага за неговиот син. За ова тврдење нема никакви докази, поради што за Кабинетот на Бајден е  „неосновано“.

Што значи импичмент

Импичмент е кога законодавното тело формално покренува обвиненија, кои мора да бидат многу сериозни, против висок службеник на владата, вклучително и претседателот.

Тоа не значи автоматско отстранување од функцијата и е само првиот чекор.

Не се работи за судење, туку за процес за отстранување на службено лице на висока позиција, во САД тоа е обично претседателот.

Ненси Пелоси сега го започна процесот, најавувајќи истрага за импичмент, со што ќе се официјализираат истрагите за постапките на претседателот. Процесот започнува во Претставничкиот дом, во кој се расправа и на крајот се гласа дали да се покрене обвинение против претседателот, за што е потребно просто мнозинство од 435-те члена на овој дом на Конгресот.

Ако Претставничкиот дом одобри резолуција, расправата продолжува во Сенатот, а главната пресуда ја носи Врховниот суд на САД.

Постапката во Сенатот

Секоја резолуција за импичмент, усвоена од страна на Претставничкиот дом, треба да „држи вода“ за да го преживее гласањето во мнозински републиканскиот Сенат – евентуалната ослободителна одлука се смета за политички подарок за Трамп.

Како што стојат работите во моментов, речиси сите републиканци во Сенатот стојат цврсто зад претседателот. Затоа, она што би се случувало во Сенатот се смета за клучно.

Постапката за импичмент се води според прирачник од осум страници, во кој се вели дека Сенатот треба да ги слушне членовите за импичмент веднаш по објавувањето на Претставничкиот дом. Членови на Претставничкиот дом го презентираат „обвинението“, а одбраната на Трамп ќе ја образложат неговите адвокати.

За импичмент потребно е да гласаат две третини членовите на Сенатот.

Во овој момент, само околу една третина (16 од 47) членови на Сенатот-демократи и независни јавно го поддржуваат отповикувањето на претседателот.

Кој сака импичмент на Трамп?

Анкетите јавно мислењата покажуваат остра поделба кај гласачите околу отстранувањето на Трамп од должноста преку импичмент.

И самата Пелоси се изјасни дека не ја сака политиката на импичмент. Таа претходно се спротивстави на тоа со образложение дека станува збор за политички ризичен потег, освен доколку истражителите немаат силни докази за прекршување што би го обединило јавното мислење.

Но, политичкиот притисок се зголемува, а со тоа истрагата станува неизбежна.

Републиканците во Претставничкиот дом деновиве ги кажаа своите ставови. Тие велат дека Трамп не сторил ништо погрешно во обидот да ја искорени корупцијата во Украина. Многумина велат дека не мислат дека има нешто лошо во принципот, претседател да се обиде да открие дали Бајден и неговиот син Хантер направиле кривично дело.

Но, затоа пак 173 демократи во овој Дом на американскиот Конгрес, а тоа се повеќе од две третини, поддржуваат истрага.

Со каков проблем се соочува Трамп?

Потенцијално, со голем.

Истражителите не мора да докажат дека телефонскиот повик е „услуга за услуга“. Претседателот, кој бара странска земја да му  обезбеди материјал за компшромитирање на политичкиот противник, може да биде доволно за да го стави Трамп во сериозна ситуација.

Обвинението за поткуп веројатно не би „поминало“, бидејќи понудата на воена помош за возврат на странска истрага на синот на политичкиот противник не се споменува како дело во федералниот статут за поткуп. Истото се однесува и за изнудата.

Во случај, Сенатот да го осуди Трамп, потпретседателот Мајк Пенс ќе стане претседател до завршувањето на мандатот на Трамп, на 20 јануари 2021 година.

Зошто сега?

Постои прилично гласно малцинство кое бара импичмент за Трамп уште од моментот кога тој ја презеде функцијата – тие барања станаа погласни за време на истрагата на Роберт Мулер за руско мешање во изборната кампања, но по одлуката стивнаа.

Сега тоа повторно се актуелизира. Зошто?

Наводно, разузнавачите бил толку вознемирени од она што го рекол Трамп во разговорот со Зеленски, што се обратиле до „свиркач“ и поднеле формална жалба. Јавноста со сигурност не знае што точно рекол Трамп, но се вели дека барал од Зеленски да отвори истрага за неговиот противкандидат за изборите во 2020 година Бајден.

Ако е ова вистина, демократите велат дека тоа би значело дека американскиот претседател ја злоупотребил моќта на својата функција да влијае на некоја странска земја да се меша во изборите во 2020 година. Она што им дава дополнителен поттик на демократите да продолжат со ситрагата е што Трамп призна дека со лидерот на Украина разговарал за Бајден, но тврди дека нема ништо несоодветно.

Многу правни експерти велат дека постапката за импичмент се единствената одржлива алатка што ја имаат демократите. Но, напоменуваат дека тука воопшто не е крајот и на демократите ќе им треба време. Прво треба да се видат транскриптите, а потоа и да се сослуша „свиркачот“.

Досега ниту еден американски претседател не бил отповикан од функцијата. Најблиску до тоа беше Бил Клинотн, против кого беше покрената ваква постапка, при што беше обвинет дека лажел и со тоа сакал да ја прикрие аферата со стажантката во Белата куќа Моника Левински.

Бајден Зеленски импичмент Пелоси Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.