Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрага за обид за убиство во дискотека во Струмица

0
By НОВА ТВ Balaban on July 18, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 18, 2022 15:49
Започнале меѓусебно да се борат и паднале на земја, по што првоосомничениот се обидел да испука со пиштолот во оштетените, додека второосомничениот за цело време го охрабрувал да пука.
Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, на возраст од 32 и 31 година, од кои првиот е осомничен за кривично дело – Убиство од  член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, додека вториот е осомничен за поттикнување да го изврши делото.
На 17 јули, во раните утрински часови, во магацински простории на дискотека во Струмица, првоосомничениот со намера се обидел да лиши од живот две лица, а второосомничениот со умисла го поттикнал да го стори кривичното дело.
По претходна вербална расправија помеѓу второосомничениот и еден од оштетените, двајцата осомничени дошле во магацинските простории на дискотеката. Првосоомничениот во рака држел пиштол марка ЦЗ ВЗОР 50 со кој се заканувал, додека второосомничениот му упатил удар со бокс на еден од оштетените. Започнале меѓусебно да се борат и паднале на земја, по што првоосомничениот се обидел да испука со пиштолот во оштетените, додека второосомничениот за цело време го охрабрувал да пука. Едниот од оштетените станал и почнал да бега. Кога првоосомничениот почнал да го репетира пиштолот и да нишани кон вториот оштетен, бил совладан од сведок на настанот и пиштолот му бил одземен.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор на осомничените. Предлогот е прифатен, а Основниот суд во Струмица на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.​

обид за убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.