Синоќа во Крагуевац бил уапсен маж за кого полицијата се сомнева дека е убиецот на Никола Бојовиќ, братот на Лука Бојовиќ, водачот на Земунскиот клан, објавува Блиц.
Според весникот, станува збор за Павле Опачиќ од Нови Сад, по кого потерата траеше 10 дена после апсењето на Слободан Шарановиќ, осомничен за вмешаност во убиствотот на Бојовиќ.
Никола Бојовиќ беше убиен во мај во центарот на Белград.