Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрагата за падот на Цесната ќе ги проверува и метеоролошките извештаи

0
By Нова ТВ on April 4, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 4, 2019 14:05

Комитетот за несреќи и сериозни инциденти за 30 дена ќе соопшти детали од истрагата за падот на малиот авион Цесна 210 ер, што се урна пред два дена во реонот на Солунска Глава, во која загина четиричлено семејство од Бугарија.

Претседателот на овој Комитет Зоран Илиевски на прес конференцијата ги соопшти веќе познатите информации за тоа кога малиот авион што бил во сопственост на загинатиот пилот полетал од Охрид со дестинација Софија и кога исчезнал од радарите, за подоцна во текот на денот на 2 април да биде пронајден урнат.

 

Илиевски рече дека првиот дел од комплексната истрага – увидот на самото место е завршен. Допрва ќе следи анализата, а за целиот процес е формирана Комисија за истрага на оваа несреќа. Во неа се наоѓаат наши експерти, а доколку е потребно ќе бидат вклучени и странски. Бугарскиот Центар за истрага на воздухопловни несреќи веќе одредил двајца експерти кои ќе ја следат истрагата, а доколку е потребно ќе бидат вклучени во неа.

Илиевски рече дека прес конференцијата ја свикале пред се за, како што рече, да ги отстранат сите шпекулации во јавноста околу несреќата.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали пилотот побарал, а не добил дозвола за слетување на скопскиот аеродром, Илиевски рече дека од она што досега знае е дека тој побарал, но потоа го повлекол барањето и најавил дека оди за Софија.

– Веќе дадовме барање до македонската навигација, ние ќе имаме наш член за преслушување на снимката и транскрипите и тогаш ќе бидеме целосно сигурни. Одговорот е дека прво побарал, па потоа го откажал барањето. Тоа останува вака, а целосната потврда ќе биде кога ќе биде преслушано, рече Илиевски.

Тој исто така потенцира дека досега не сретнал во историјата некој да побарал да слета и да не ја добил дозвола, посебно во ситуација кога се работи за евентуални проблеми.

Исто така, тој не сакаше да шпекулира околу изјавата на бугарскиот амбасадор во бугарските медиуми, за тоа дали пилотот бил точно информиран за временските услови. Тие побарале информација од метео службата.

-Дали времето било лошо ќе прочитаме тогаш и тоа ќе биде во нашот извештај и колку тоа влијаело за дојде до оваа несреќа, рече Илиевски, додавајќи дека истрагата ќе покаже дали влегол во турбуленција.

Тој појасни дека пилотот, го пријавува летот и сам го прави планот и сам ја одредува рутата.

Поради лошите времнски услови на самото место, остатоците од авионот се уште не се подигнати.

За потребите на истрагата, комисијата побарала историјат од германските институции, бидејќи авионот бил во тамошниот регистар, и од бугарските власти, бидејчи авионот бил во сопственост на загинатиот пилот.

Со ДНК-тест ќе се утврдува идентитетот на загинатите во авионската несреќа која се случи завчера во близина на Солунска Глава во која загина четиричлено семејство од Бугарија.

Како што пренесе бугарската БГнес, министерот за внатрешни работи на Бугарија Младен Маринов во изјава за медиумите информирал дека за потребите на експертизата ќе бидат земени примероци од блиски роднини на загинатите, бидејќи телата биле јагленосани и не можат да се идентификуваат на друг начин.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.