Деталната анализа за кражбата на артефакти од Музејот на Македонија, е сеуште во изработка, а дел од вработените биле тестирани на полиграф, процесот не е завршен, информираат од МВР.
„Лицата што требаше да дадат исказ или поточно да се провери автентичноста и вистинитоста на нивниот исказ преку употреба на полиграф, е завршена, но има друг сегмент каде треба многу подетална и поточна анализа која се’ уште трае. По однос на таа анализа додека не бидеме сигурни дека сите аспекти на проблемот со кој се соочуваме се добро анализирани и разработени би било добро движењето на просторот кај Музејот да е ограничено“, објасни министерката Јанкуловска која додаде дека несомнено одговорност треба и мора да има.
Јанкуловска истакна дека се работи за една комплексна активност која опфаќа многу анализи за кои е потребно соодветно време да бидат стручно и професионално спроведени.




