Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истрагата за смртта на 13 годишното девојче во Илинден тапка во место

0
By Соња Петрушевска on August 6, 2018 ВЕСТИ
Фото. ТВ24
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден месец по смртта на 13 годишното девојче Елмедина кое се удави во ископ полн со вода во општината Илинден, се уште не е утврдена одговорност.

На прашање од НОВА ТВ до каде е постапката и што утврди досегашниот тек на истрага,од Обвинителството одговорија:

„Веднаш по настанот е издадена наредба за обдукција на починатото лице, како и насоки за прибирање дополнителни податоци. Побарани се информации за фирмата која ги изведувала градежните работи и за текот на градбата. Во исто време, се прибираат податоци од инспекциските служби и од други надлежни органи за да се утврди евентуална кривична одговорност. Се очекува пристигнување на побараниот извештај од извршената обдукција, како и побараните податоци. По нивно разгледување и анализа ќе биде донесена јавно обвинителска одлука за натамошниот тек на постапката“, соопштија од Обвинителството за НОВА ТВ.

Речиси идентичен одговор стигна од Обвинителството и  ден по трагедијата од каде тогаш информираа: „Побарани се информации за фирмата која ги изведувала градежните работи и за текот на градбата. Во исто време, се прибираат податоци од инспекциските служби и од други надлежни органи за да се утврди евентуална кривична одговорност“, соопштија од Јавното обвинителство на 4 јули, ден по трагичниот настан.

Детската игра заврши трагично кога девојчето според очевидци влегла во ископот полн со вода за да ги извлече братот и другарчето и се удави. Според жители на општина Илинден, ископот бил направен пред речиси цела година, а врнежите потоа го наполниле со вода. Но околу немало никаква заштитна ограда за да ги предупреди жителите на општината  и да  спречи влез до ископот.

Ограда беше  поставена дури  по трагичниот настан. Градоначалникот на Илинден Жика Стојановски за НОВА ТВ тогаш изјави дека „На местото требало да се градат станови, но инвеститорот немал градежна дозвола. Како општина очекуваме од сите градежни фирми да  ја знаат и почитуваат процедурата согласно Законот за градење и другите закони. Во овој случај инспекторите утврдија дека не се почитувале елементарните услови“, рече Стојановски за НОВА ТВ.

Сепак, жителите на Општината бараат истрагата да се прошири и на инспекциските служби и да се утврди зошто дозволиле градежната парцела да остане необезбедна и покрај длабокиот ископ. Езерцето било со месеци во општината, а никој од реагирал да се обезбеди просторот. Пред дупката немало никаква табла, за тоа кој гради и што се гради, освен телефонски број за продажба на недвижности.

Дел од медиумите објавија дека двајцата сопственици се од Скопје, едниот бил сопственик и на агенцијата за недвижности што ги рекламира становите, а другиот  помал локален стопанственик што се занимавал со градежен бизнис. Тие потврдиле дека не поднеле барање за градежна дозвола, зашто немале намера да градат, а рекламните паноа ги поставиле само за да покажат како би можела да изгледа зградата, ако се најдат инвеститори што би ја направиле.

Од Обвинителството нема дополнителни информации зошто еден месец по трагедијата истрагата се уште тапка во место – зошто Обвинителството се уште не ги обезбедило податоците „за фирмата која ги изведувала градежните работи, за текот на градбата и за инспекциските служби“.

 

 

дете Илинден ОЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.