Истражен судија денеска му определил 30 дена притвор на актерот Кирил Поп Христов – Кили, велат членови на семејството за НОВА. Исто толку притвор добил и неговиот брат Владимир Поп Христов – Мио кој во моментов е во Грција на годишен одмор и по кој трага полицијата за производство и продажба на марихуана. Братот на Кили и познат музичар се огласи на својот ФБ профил.
„Го уапсиле Кили, а по мене се трага? Јас сум во Грција глупаци, не трагајте, јавете ми се и прасајте ме кај сум, ке си дојдадам дома за два дена. Госпоѓа Јанкулоска и ВМРО мозат да се сопнат на многу мало камце! Соберете си ги тоа ќелавите набилдани кучиња и не ми ја чепкајте фамилијата! – напишал тој.
Министерството за внатрешни работи го приведе Кили за неовластено одгледување и производство на наркотична дрога – марихуана со висок квалитет. МВР влезе во нивната викенд куќа во Визбегово каде што беше пронајдена марихуаната.




