Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување: Евробарометар октомври / ноември 2025 – расположението за проширување кај земјите членки пола – пола / во Македонија доминантна поддршка за НАТО и за САД

0
By Zoran Ivanov on December 13, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 13, 2025 10:47

Може да се заклучи дека проширувањето на ЕУ има тенко, но реално мнозинство на поддршка на ниво на Унијата. Постои јасна географска и политичка линија на поделба меѓу Исток / Југ и Запад / Север. Процесот на проширување ќе остане политички чувствителен, со потреба од силна аргументација и внатрешна консолидација во ЕУ. Оваа структура на ставови има директни импликации за кредибилитетот и темпото на идното проширување.

Тони Поповски

Податоците за расположението на јавноста во Република Северна Македонија во однос на темите од насловот, покажуваат јасна и структурна евроатлантска ориентација но, истовремено, и внатрешна амбивалентност кон одредени меѓународни актери, особено спрема Русија, а поддршката за НАТО, САД и членството во ЕУ е доминантна.

Поддршка за безбедноста преку НАТО и позитивно гледање за ЕУ

НАТО ужива стабилна мнозинска доверба – приближно две третини од нашите граѓани (околу 67%) изразуваат доверба, наспроти околу 30% кои не му веруваат. Овој однос укажува на консолидирана поддршка за безбедносната ориентација на земјата, иако постои релевантно малцинство со скептични ставови.

Членството во ЕУ во најголем дел се перципира како позитивно – околу 55% сметаат дека членството е „добра работа“, а само 12% го оценуваат како „лоша работа“. Значаен дел (околу една третина) има неутрален став. Ова укажува на широка, но не и апсолутна поддршка, со присутна резервираност кај дел од јавноста.

По однос на перцепцијата за користа од членството во ЕУ, 77% од испитаниците веруваат дека земјата би имала корист од членството во ЕУ, а 21% сметаат дека не би имала корист. Ова потврдува дека очекувањата од ЕУ се пред сè инструментални и развојни. По однос на иднината на самата ЕУ, над 70% од граѓаните се вкупно оптимисти. Довербата во ЕУ е релативно висока, но поделена: 57% изразуваат доверба во ЕУ, а 40% не ѝ веруваат. Овој однос сугерира дека поддршката за европската интеграција коегзистира со фрустрација од процесот, динамиката и условувањата.

Институционалната скепса но и  има доминантен оптимизам за иднината на ЕУ

САД имаат многу силен позитивен имиџ: Total positive: 74% наспроти Total negative: 23%. По однос на Русија перцепцијата е длабоко поларизирана: Total positive: 50%/Total negative: 47%

Од наодиве може да се заклучи дека постои консолидирана поддршка за НАТО и САД и силна, но првенствено прагматична поддршка за членство во ЕУ, со зголемена чувствителност кон кредибилитетот на процесот.

И покрај институционалната скепса, има доминантен оптимизам за иднината на ЕУ.

Севкупно, јавноста кај нас е стратешки ориентирани кон Западот, но со значајна внатрешна амбивалентност, што укажува дека поддршката за евроатлантската ориентација е стабилна, но условена од испорачани резултати и геополитички контекст.

Евробарометар октомври / ноември 2025 – перцепции за проширувањето на ЕУ

Во повеќето држави членки на ЕУ се забележува пад на поддршката (негативни разлики), особено во Западна Европа, додека во дел од Источна Европа поддршката останува стабилна или благо расте. Ова укажува дека геополитичките аргументи за проширување сè уште не се подеднакво прифатени низ целата ЕУ.

На ниво на ЕУ27, јавното мислење е поделено, но со благо мнозинство „за“ проширување: 52% се за проширување на ЕУ, а 41% се против. Ова укажува дека проширувањето останува контроверзно прашање, со значителен отпор во дел од јавноста.

Поддршка и пад за проширувањата – скепса кај старите оптимизам кај новите ЕУ членки

Највисока поддршка за проширување се бележи во: Романија (62%), Хрватска (67%), Бугарија (48%, со значителен пад но и понатаму релативно високо), Полска (65%), Литванија (69%), Португалија (54%) и Шпанија (71%.) Овие земји, најчесто од Источна и Јужна Европа, гледаат на проширувањето како стратешки и политички корисен процес.

Најсилен отпор се забележува во: Франција (51% против), Австрија (53% против), Германија (54% против), Белгија (50% против) и Холандија (46% против).

Ова укажува на замор од проширувањето во дел од „старите“ членки, каде што доминираат грижи за институционалниот капацитет, миграцијата и кохезијата.

Може да се заклучи дека проширувањето на ЕУ има тенко, но реално мнозинство на поддршка на ниво на Унијата. Постои јасна географска и политичка линија на поделба меѓу Исток / Југ и Запад / Север.

Процесот на проширување ќе остане политички чувствителен, со потреба од силна аргументација и внатрешна консолидација во ЕУ. Оваа структура на ставови има директни импликации за кредибилитетот и темпото на идното проширување.

 

 

 

Евробарометар Тони Поповски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.