Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Истражување за Корона: Не постои за 25 % Албанци, а 48 % Македонци мислат дека е од лабораторија

0
By Нова ТВ on June 4, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 4, 2020 18:20

Од Македонците 75 % се загрижени за моменталната состојба во светот и земјата, а кај етничките Албанците 56 %. Дека не се загрижени испитаниците- Македонци одговориле 24 %, додека Албанците 44 %

Вкупно 42,7 проценти од граѓаните сметаат дека коронавирусот е излезен од лабораторија. 36,7 проценти сметаат дека тоа е со намера, а 6 отсто дека е по грешка. Околу 23 проценти, пак, не знаат како се појавил, покажуваат податоците од најновото истражување на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и М-Проспект.

На истото прашање за постоењето и потеклото на коронавирусот, ставовите се различни во македонската и албанската етничка заедница.

Така, речиси 48 проценти од Македонците сметаат дека коронавирусот е направен во лабораторија. 41,8 отсто одговориле дека е направен во лабораторија со намера, а 5,9 дека е направен во лабораторија по грешка.

Кај албанската етничка заедница, пак, 25 проценти се на став дека вирусот не постои. Исто толкав е процентот и на оние Албанци кои одговориле дека вирусот е направен во лабораторија со намера.

Од Македонците 5,7 проценти сметаат дека вирусот не постои.

Дека потеклото на вирусот е поврзано со воспоставување на 5Г мрежи во светот и кај Македонците и кај Албанците одговориле околу 5 проценти.

Граѓаните биле прашани и за тоа колку се загрижени кога размислуваат за моменталната состојба во светот и земјата во однос на ковид-19 и корона-кризата. И за ова прашање можат да се забележат разлика по основ на етничката припадност.

Процентот на Македонци кои се чувствуваат загрижени изнесува 75,4 проценти, а на етнички Албанци е 56,2 отсто. Дека не се загрижени, пак, одговориле 24,3 проценти од Македонците и 43,8 од Албанците.

Генерално, мнозинство од граѓаните – 60 проценти се загрижени дека тие лично ќе се заразат со ковид-19 односно 21 процент се многу загрижени, а 39% – донекаде.

Кога станува збор за загриженоста на граѓаните дека можеби без да знаат веќе го имаат и го шират вирусот, речиси 50 проценти рекле дека се загрижени (многу или донекаде), а 45,5 отсто, пак, одговориле оти се воопшто или донекаде незагрижени.

Истражување било спроведено во периодот од 16 до 22 мај, со телефонски анкети на македонски и албански јазик на примерок од 1 000 испитаници. Резултатите од истражувањето, наведуваат авторите, се подложни на статистичка грешка од 3,1 проценти, со прифатливо ниво на доверба од 95 отсто.

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.