Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италија драконски ќе се справува со вандализмот: Планира петцифрени казни за уништување на споменици и уметност

0
By Ана Василевска on April 12, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, СВЕТ
Министерот за култура Џенаро Санџулијано се залага за строги, петцифрени казни за вандалите кои оштетуваат споменици - Copyright AP
Министерот за култура Џенаро Санџулијано се залага за строги, петцифрени казни за вандалите кои оштетуваат споменици - Copyright AP
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италија најави дека ќе се заложи за закон со кој се наметнуваат петцифрени казни за вандалите кои оштетуваат споменици или други културни локации, за да помогнат во плаќањето за поправките и расчистувањето.

На состанокот на кабинетот во вторникот на 11-ти април, владата го одобри предлог-законот за кој се залагаше министерот за култура, кој ќе наметне казни од 10.000 евра до 60.000 евра.

Десничарската влада на премиерот Џорџија Мелони има удобно мнозинство во Парламентот, па се очекува предлогот лесно да биде одобрен и усвоен во закон.

Министерот за култура Џенаро Санџулијано рече дека неодамна владата ја чинело 40.000 евра за чистење на фасадата на Палацо Мадама од 15 век, во која се наоѓа италијанскиот Сенат, откако беше вандализирана. Пред само неколку дена, активистите кои притискаа за поголема акција за климатските промени фрлија црна боја во водите на монументалната фонтана извајана од Бернини во подножјето на Шпанските скали.

„Нападите на споменици и уметнички места предизвикуваат економска штета за сите“, рече министерот во изјавата.

„За да се исчисти, потребна е интервенција на високо специјализиран персонал и употреба на многу скапи машини“, рече тој. „Кој ги извршува овие дела мора да ја преземе и финансиската одговорност“.

Извор Еуроњус

Подготви А. В. 

вандализам Италија Културни споменици уметност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.