Италијанската влада презеде невидена мерка за ограничување на движењето за 60 милиони луѓе во обид да го спречи ширењето на коронавирусот.
Премиерот Џузепе Конте најави мерки, според кои на луѓето ќе им биде дозволено да ги напуштат домовите само поради оправдани професионални или здравствени причини.
Училиштата и универзитетите, како и јавните места, вклучувајќи кина, театри и спортски сали, ќе останат затворени до 3 април.
Во меѓувреме, рестораните и кафулињата мора да затвораат во 18 часот а забранети се и поголеми групирања на луѓе на јавни места.
Секој што сака да оди од една општина во друга, ќе мора да пополни формулар во кој се наведува која е нивната итна причина за патување – работа, здравје, семејство или враќање дома. Давање лажни причини за патување во формуларот може да се смета за кривично дело.
Оваа одлука уследи откако беше објавено дека само во еден ден биле регистрирани 1.700 нови случаи.
Според Валтер Рикиарди, советник за коронавирус на италијанската влада, „зголемувањето на 1.700 случаи за еден ден е неверојатно“.
„Ова е како во воена ситуација, постои диспропорција меѓу достапните места и пациентите во критична состојба… затоа мора да избереме кого да спасуваме “ изјави Кристијан Салароли, анестезиолог од Бергамо, еден од најпогодените градови во Ломбардија изјави :
До денес, над 7.800 луѓе во Италија се дијагностицирани како позитивни за коронавирус, а над 460 починале.
„Ситуацијата ризикува да излезе од контрола и овие мерки се неопходни за да се задржи ширењето на вирусот“, изјави Валтер Рикиарди, кој исто така е член на Европскиот советодавен комитет при Светската здравствена организација.
Екстремните мерки веќе имаа катастрофално влијание врз транспортниот и туристичкиот сектор во Италија, при што индустријата бележи милијарди во изгубени профити за овој квартал. Според анализите се очекува Италија да западне во рецесија.
Премиерот Конте рече дека Италија веројатно ќе мора да побара од Европската комисија поголема флексибилност затоа што дополнителното задолжување од 7,5 милијарди евра, што го одобри Брисел, беше потребно минатиот петок, најверојатно, нема да биде доволно за Италија да се справи во новонастанатата ситуација.
Италија е како во воена состојба
0Published: Tuesday, March 10, 2020 12:55




