Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италија ги брои жртвите од невремето

0
By Нова ТВ on October 30, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 30, 2018 11:43

Девет лица загинаа, а едно се смета за исчезнато по невремето кое ја зафати Италија. Во невремето се уништени голем број патишта во земјата и поплавени се неколку градови и населени места.

Во невремето се повредени десетици лица, меѓу кои и неколкумина пожарникари.Училиштата и туристичките локации се затворени во неколку региони поради стравувањата за безбедноста на луѓето.

Италијанските спасувачки служби соопштија дека вчера биле регистрирани околу 7.000 инциденти, на кои одговориле околу 5.800 пожарникари.

Поголемиот дел од северна Италија и денеска се под закана, откако два дена беснееше бура, со налети на ветрот до 180 километри на час. На Алпите вчера осамна висока снежна покривка.
75 проценти од Венеција е под вода

Најлоша е ситуацијата во Венеција, каде дождовите предизвикаа поплави кои уште толку го зголемија нивото на водата, па преплавија многу од неговите познати плоштади и пешачки патеки, додека официјалните лица велат дека 75% од градот сега е под вода.

Венецијанскиот централен плоштад Свети Марко е затворен од вчера попладне, откако нивото на водата достигна до 156 см . Тоа е четврто највисоко ниво кое било досега забележано. Сепак, многу луѓе – туристи и локални жители – одлучија да му се спротивстават на невремето.

Со Венеција и поширокиот регион на Венето, сега на сила е црвен аларм, при што жителите се повикуваат да се подготват за големи проблеми во транспортот и со инфраструктурата. Портокалов аларм е за остатокот на полуостровот и за Сицилија. Метеоролозите предупредуваат дека лошото време ќе продолжи.

Бура има и во Хрватска, во областа на Савудрија исчезнаа во понеделникот попладне двајца млади луѓе кои отидоа на сурфање и покрај предупредувањата за невремето.

Според ХРТ, пронајден е жив еден од младите луѓе, хрватски државјанин, кој успеал сам да исплива на брегот. За момчето  од Словенија, потрагата ќе продолжи и денеска, кога ќе дозволат временските услови.

Фото: Dnevnik.hr

Јадранската магистрала на делницата во Хрватска е затворена за сообраќај поради одрон на патот.

Поради лошите временски услови целосно отсечени се островите во Јадранското Море, а во прекин се бродските и траектните линии од Дубровник кон Италија.

Во Шибеник се оштетени неколку автомобили, а на девет места настанале пожари поради мали експлозии на далекуводите.

Хрватското приморје и Далмација се најпогодени, а поради нискиот воздушен притисок, нивото на морето е покачено.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.