Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Италија почнува со брзи тестови за ковид-19

0
By Нова ТВ on April 4, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 4, 2020 09:17

Пишува: Оливера Јовановска, Венеција

Италијанското министерство за здравство вчера (03.04.) даде зелено светло за употреба на брзи молекуларни тестови, односно брзи брисеви врз основа на откривање на вирусни гени во дишните секрети. Ова е најновата мерка според која приоритет имаат хоспитализираните пациенти, медицинскиот персонал под најголем ризик, друг персонал под ризик и луѓе со дишни инфекции што се под самоизолација. Според насоките од Министерството, медицинскиот персонал треба да се заштити и треба да се намали преносот на вирусот во болниците. Во категоријата влегува и персоналот на основните јавни услуги со симптоми, но и тие со минимални симптоми врз основа на што ќе се одлучува евентуална соспензија од работа. Ќе се тестира и персоналот без синтоми во домовите за стари лица како и старите лица кои се на ризик лесно да се заразат, лицата што имаат можност лесно да развијат болести како што се полмонит, тумори, срцеви заболувања, заболувања со бубрезите.

Оваа одлука доаѓа по големиот притисок од локалните власти, по големата разлика во стапката на смртност од регион до регион и по директното искуство во борбата со корона вирусот пред се’ во најпогодените региони како што се Ломбардија и Венето. Многубројни критики на адреса на регионалниот лидер на Ломбардија Атилио Фонтана (северната лига), пред се’ од градоначалниците кои доаѓаат од друга политичка партија (демоктратската партија), но и од доктори и административни работници дека се тестираат мал број луѓе и дека медицинскиот и друг технички персонал работи без основна заштита (маски, ракавици, униформи). Фонтана на една од редовните прес конференции објасни дека регионот најсторого ги следи препораките од Високиот институт за здравство што значи да не се тестираат луѓе без симптоми за вирусот САРС-КОВ-2.

Според критериумите од Министерството за здравство од 27 февруари и од 9 март годинава, тест се прави во случај на симптоми и доколку личноста била во контакт со потенцијален или потврден случај со ковид-19, ако личноста била во ризична зона, ако е хоспитализирана или друга причина според клиничката слика. Не се препорачува тест на преносителите.

Од друга страна, регионот Венето следејќи го личното искуство во борбата со вирусот беше најгласен во зголемениот број направени тестови и кај лица без симтоми. Тоа овозможи што поголем број луѓе да бидат ставени во изолација и да се избегне хаосот во болниците што беше случај за Бергамо и Бреша во регионот Ломбардија.

Тестот се изведува на тој начин што се зема секрет и плунка од грлото со стапче на кое има памук, потоа се става во специјален гел за конзервација и се испраќа во лабораторија на анализа. Друг тип на тест е можен со земање на секрет само од носот. Тестот не се плаќа. Одговорот се добива во период од 4 до 6 саати со мал процент на грешка (1-4%).

Според податоците од Центарот за цивилна заштита, заклучно со 3 април во Италија се направени 619.849 тестови, односно 38.617 во еден ден. Во проценти најновите податоци се: позитивни +2,81 отсто, оздравени +8 отсто, починати +5,5 отсто, хоспитализирани +0,7 отсто, интензивна нега +0,37 отсто и домашна изолација +4,2 отсто.

Според најавите, Италија најверојатно многу брзо ќе почне со тестирање на граѓаните за да се утврди кој има развиено антитела и кој го има прележано вирусот. Врз основа на резултатите се планира да се издава документ што секое лице ќе треба да го носи со себе. Тоа би требало да биде чекор кон враќање во „нормалниот“ живот по 13 април до кога се продлжени најригорозните мерки во слободата на движење до сега.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

ВЕСТИ August 1, 2026

Илинден или Ден на Св. Илија – голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот…

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026
ТИКЕР

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.