Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иван Стоиљковиќ: Во Македонија се разви анти- српска,фашистичко-талибанска клика

0
By Нова ТВ on December 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 7, 2013 11:02

Лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ за рушењето на споменикот Цар Душан за НОВА изјави дека во Македонија се разви анти-српска, фашистичко-талибанска клика.

-Приказната ја потпали СДСМ а ја изведоа албански екстремисти. Зошто само српски споменик да се руши, од морето споменици? Зошто ви пречеше само Цар Душан? Зошто само него го одбравте?

Демократски расположени граѓани, на цивилизациски начин, демократски рушат, палат и убиваат, додаде Стоиљковиќ.

Оваа реакција на Стоиљковиќ доаѓа по веста дека неидентификувана група се обидела да го сруши споменикот на цар Душан. Според информациите на Алсат-М, се работи за група од 20 до 30 граѓани која ноќеска по полноќ се обидела да го урне споменикот, кој е значително оштетен, но не и срушен.

Како што пренесува телевизијата, меѓу граѓаните имало и претставници на ДУИ.

За денеска на пладне на ФБ се најавува протест и уривање на споменикот, кој предзвика серија реакции, незадоволство и вербални протести од страна на албанските невладини, интелектуалци, ветераните на ОНА и ВМРО-Народна.

Но, најголемата енигма беше иницијаторот и соодветната институција која го поставила- се уште не се знае кој го нарачал, платил и поставил и за кој никој не сака да преземе одговорност.

Министерката за култура Елизабета Канчевска- Милевска не знае чие дело е поставувањето на Цар Душан, на 4 декември изјави за НОВА нејзиниот портпарол Анета Јовановска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.