Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ивана и Катја не паднаа преку оградата. Тие беа поттурнати

0
By Zoran Ivanov on March 4, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 4, 2026 16:56

Министерот за внтарешни работи се плетка во објаснувањата за трагедијата во Карпош. Министерот за социјална работа се скри и од него нема гласа. Сите се неми во македонската власт – и луѓето и совестите.

Билјана Богдановска

Цветниот пазар во Скопје денеска е полн букети, разнобојни аранжмани и икебани со црвени како крв рози.

И не! Не се наменети за да се честита блискиот празник на жената 8 Март. На нив, на златна лента, со солзи, се испишани последните поздрави за Ивана и за Катја.

Оние кои скокнаа во смрт за да се ослободат од маките!

Кој ги поттурна овие две души преку оградата од балконот во скопски Карпош?

Насилникот, безумен грубијан, што редовно ги тепаше или одговорните државни институции, кои дошле, виделе и си заминале?

Бледо звучеше оправданието на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој се обидуваше да објасни дека на денот на нивната смрт, два часа порано полициски службеници биле во Тафталиџе, по пријава на жртвата дека повторно е малтретирана од сопругот од кој се разведува, но таа се премислила, потпишала белешка дека било недоразбирање и дека сами се справиле со ситуацијата. Заминала Ивана дома на шестиот кат од зградата, од која два часа подоцна пречекори во смрт заедно со своето шестгодишно девојче.

Не го видоа ли полицајците стравот во нејзините очи кога ги убедувала дека „сѐ се средило“? Не ја видоа ли нејзината решеност таа да ги заврши своите маки? Не беа ли обучени за тоа? И ако не биле, зошто не пратиле некои кои се обучени, по толку претходни пријави за насилство од истите луѓе, пријави од семејството, пријави од соседите? Уште колкумина требало да пријават за да се преземат поинакви мерки?

Премногу прашања, а одговор ни за лек, ни за утеха.

Го нема ни министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани. Оној, кој според премиерот Христијан Мицкоски, бил додадена вредност на министерството. Не се јави ниту некој од центрите за социјална работа, водени од ова министерство. Сите молчат како да сме пустина. Само штуро соопштение за внатрешна контрола. Нема таква контрола што ќе ги врати Ивана и Катја на Александар – брат и вујко, кој во моментите на шок напиша посодржаен пост од сите интитуционални соопштенија по повод овој немил настан.

А се покажало дека изјавите имаат влијание, колку и да се караме со телевизорот кога ги слушаме политичарите како глаголат на секакви теми пред багери со кои започнуваат некој капитален проект.

Внимателно со зборовите! Тие можат да запечатат нечија судбина.

Кога премиер две години секој ден повторува дека довербата во судството е 2 отсто, и таа доверба се топи.

Двојка (иако се толкува како доволен) од школската скала на оценување до пет, е сосема недоволна, а не пак на процентната скала до 100. Таму се граничи со статистичка грешка.
Кому тогаш да се обратат жртвите, обесправените, натепаните, ограбените? На институциите каде ни два отсто од службениците не работат?

Не дозволувал законот поинаку да постапеле полицајците при пријава на семејно насилство, освен да дојдат, да запишат и да си заминат. Процедурите, кои понекогаш и ќе почнат по една таква интервенција на полицијата се одолговлекуваат од социјалните служби, од обвинителите, од судовите…

Три дена се многу во вакви случаи, а не пак три месеци, три години!

Не вредат десетината кривични пријави за таткото на Катја поднесени за имотни деликти, насилен криминал и недозволена трговија со дрога. Тие се само мртво слово на хартија. Никој не го тргна од улица, никој не го оддалечи од Ивана и од Катја, па тие сами се оддалечија – засекогаш.

Државата требало да ги стави стави своите челични институционални раце на Стојанче Јовановски и да го држи во тесно, за да не може да наштети никому!

Ама место челични раце, очигледно имаме мрежа со големи дупки, низ кои протекуваат: Стојанче – што ги „поттурна“ Ивана и Катја, Усеин што 40 пати ја избоде Танкица од Кочани, Илија кој ја избоде Росица во Велес, го уби и нејзиниот татко, па се самоуби, Н.А. кој пред очите на 5-годишната ќерка ја уби Рамајана во Шуто Оризари… Листата оди до недоглед.

На ова не се вели: „Одете си, ај ќе се смирите!“, како што полицијата милува да советува.

„Или ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“ е закана која треба да се казни штом биде изречена, а не откако ќе бидат испишани последните поздрави – оти мастилото за нив го обезбедуваат токму неспособните институции.

Текстот е сопственост на Независен.мк

билјана богданоска колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.