Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов да стави вето на Законот за прекинување на бременостa

0
By Нова ТВ on June 11, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мрежата за заштита од дискриминација бара од Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, да го искористи своето уставно право и да не го потпише указот за прогласување на Законот за прекинување на бременостa и со тоа да демонстрира дека е претседател на сите граѓанки и граѓани во државата.

Мрежата за заштита од дискриминација остро реагира на текстот на Законот за прекинување на бременостa, како и на начинот на кој овој закон е подготвен, предложен
и усвоен.

Изминатиот период следеа низа реакциии од домашни и странски организации за ограничување на репродуктивните права на жената, кои ниту придонесоа за негово повлекување, ниту ја забавија брзината на носење на Законот. За жал, Собранието на
Република Македонија во скратена постапка го усвои Предлог законот.

Усвоениот закон за прекинување на бременост воведува рестриктивни механизми кои во голема мера ќе влијаат врз слободното формирање на волја кај жената дали да ја прекине
бременоста или не.

Министерството за здравство преку одредбите за поднесување писмено барање за прекинување на бременоста, како и задолжителното советување на бремената жена од страна на лекарот, со пропишување на формата и содржината на барањето и содржината и начинот на советување, создава можност за манипулирање и ограничување на нејзиното право на избор за прекин на бременоста.

Дополнително, постои можност притисокот врз жената да продолжи во рамки на предвиденото задолжителното време на чекање од три дена по извршеното советување, односно „време за размислување и преиспитување на донесената одлука за абортус.“ При донесувањето на Законот целосно се игнорирани најновите стандарди за унапредување на репродуктивните права на жената, а уште помалку локалниот контекст во кој Законот треба да се спроведува.

Особено загрижува фактот што предложениот закон не е изолиран настан и обид за уназадување на женските права во Македонија, напротив, тоа е дел од еден континум од настани, кампањи и изјави на политичари кои имаат за цел дополнително зацврстување на позицијата на жената како репродуктивна машина.

Женската слобода и животните избори се ограничени на носење и раѓање деца, некритичко прифаќање на стереотипите и општествените обичаи врзани за жената, како и опресивните обврски кои се врзани со нив.

Мрежата потенцира дека само ако жената може слободно да одлучува дали ќе има деца или
не, може да постигне еднаквост со мажот. Абортусот единствено ја засега жената, па секое
негово ограничување ја става жената во понеповолна положба од мажот, бидејќи мажот
никогаш нема да може да биде во позиција да го прави тој избор.

Како мрежа на организиции кои реагираат на сите форми на дискриминација, загрижени сме
и поради неможноста да се води дебата во врска со Законот кој е од исклучително значење за правата на жените. Обидите за делегитимирање на организациите, противници на Предлог законот, дефокусирање на прашањето од право на жената во прашање за правата на ЛГБТ лицата, е уште еден доказ дека Предлог законот и кампањата околу носењето на Законот се еден континуитет на дискриминаторски однос, и обесправување на жените во Македонија.

Покрај протестите и упатеното барање на повеќе од 92 здруженија на граѓани за повлекување на Предлог законот за прекинување на бременоста и донесување на нов
закон базиран на научни сознанија и медицина базирана на докази, со вклученост на
сите релевантни актери, Собранието на Република Македонија, сепак, го донесе Законот.

Мрежата за заштита од дискриминација е засегната од последиците кои овој Закон ќе ги
има врз животот и здравјето на жената. Поради ова, бараме од Претседателот на Република
Македонија да го искористи своето уставно право и да не го потпише указот за прогласување на Законот за прекинување на бременостa и со тоа да демонстрира дека е претседател на сите граѓанки и граѓани во државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.