Со особено внимание следиме се што се случува во вашата земја и посакуваме внатреполитичката ситуација во Македонија да се развива согласно Уставот и демократските принципи, изјави денеска претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на средба со претседателот Ѓорге Иванов.
Путин изрази задоволство дека македонско-руските односи се унапредуваат и, како што рече, има позитивно движење во економската размена.
На почетокот на средбата Путин му ја честита наградата на претседателот Иванов што вчера му ја врачи Патријархот на Руската православна црква Кирил.
Иванов на средбата изрази особено задоволство што токму на овој ден, кога се одбележува празникот Свети Кирил и Методиј има средба со него.