Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Дијалогот незаменлив и клучен за интеграција

0
By Нова ТВ on February 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија отсекогаш верувала и во практика го применувала ставот дека дијалогот е незаменлив. Позитивниот пример за соживот, толеранција, меѓусебно разбирање и поддршка треба да се вреднува, наградува и да ги инспирира другите, порача денеска македонскиот претседател Ѓорге Иванов, на отворањето на 5.Глобален форум на Алијансата на цивилизациите на ОН, што се одржува во Виена.

Верувам, истакна Иванов, дека е време да ја прошириме перцепцијата за светот како поле за дијалог меѓу цивилизациите, кој е во основата на културниот натпревар меѓу народите. Религиската толеранција, посочи, е вредност што треба да се учи, гради и надградува, а промените со кои се сочуваат религиите треба да се искористат за унапредување на дијалогот. – Ако во минатото религиите беа територијални, денес, во време на нови технологии и интернет, тие се нетериторијални и тоа е и предизвик, но и можност за унапредување на комуникацијата и дијалогот, наведе шефот на македонската држава.

Антитеза на религиската нетолеранција, нагласи, е религискиот плурализам, сфатен не само како поголема различност, туку и како перцепција и прифаќање на таа различност. – Религискиот плурализам е дел од начинот на живеење на луѓето, начин што не се наметнува, туку извира од реалниот живот. Кај заедниците, народите и нациите религиската толеранција е вредност што треба да се учи, гради и надградува со децении и векови, рече Иванов.

Цитирајќи ја пораката на Махатма Ганди дека гневот и нетолеранцијата се непријатели на доброто разбирање, наведе дека токму нетолеранцијата беше причина за голем дел од колективните човечки трагедии на денешницата, а кои ги има многу. – Предрасудите, исклучивоста, маргинализацијата, омразата и нетрпеливоста кон различноста водат кон трагедиите, предупреди Иванов.

Според него, соживотот, толеранцијата, меѓусебното разбирање и помагање се вредности што Македонија ги практикувала во минатото, а продолжува така и денес. Тоа е позитивен пример што треба да се вреднува, наградува, и да ги инспирира другите, порача македонскиот претседател.

Традиционалната балканска и македонска логика на меѓурелигиски и меѓуетнички соживот ги опиша со симболиката на т.н комшиски капиџик, врата на ѕидот меѓу две соседни куќи, што секогаш била отворена.

– Капиџикот е врата која дури и во времиња на предизвици не смеела да биде затворена. Во основа на таа логика е искуството на нашето мултиетничко, мултијазично и мултирелигиско општество кое со векови овозможувало мирна коегзистенција меѓу религиите. Ваквата традиција на соживот и религиска толеранција создаде цврсти трансгенерациски пријателства меѓу луѓе од различни религии. А како резултат на тоа, Македонија е една од ретките земји во Европа каде православни христијани и муслимани го слават Бога во еден објект, под ист покрив. Тоа се места каде религиите не само што се допираат, туку и просторно и временски се преклопуваат, укажа Иванов.

Македонскиот религиски плурализам, подвлече, може да се потврди и со мисијата на Мајка Тереза, која е родена во Скопје. Во радиус не повеќе од 100 метри од нејзината родна куќа, имало католичка црква, православна црква, еврејска синагога и муслиманска џамија. – Мајка Тереза, која своето детство го минала во овој микрокосмос на религиски плурализам, стана синоним за човек кој живее во религиска отвореност и толерантност, оцени македонскиот претседател.

Македонија, како што рече, го негува и промовира моделот за мир, толеранција и интеграција преку регионални иницијативи, како што е форумот на дијалогот на цивилизаците, што годинава ќе се одржи по 10. пат, а почна на иницијатива на поранешниот претседател Борис Трајковски.

– Оваа иницијатива даде фантастични резултати за мојот регион, во време кога целиот регион излегуваше од период на изолација, нетолеранција и конфликти. Фактички и формално, она што Алијансата на цивилизациите сака да го прави на глобално ниво, Република Македонија го започна уште во 2003 година на регионално ниво. Уверени дека дијалогот е незаменлив, во мај оваа година ќе бидеме домаќини и на третата светска конференција за дијалог меѓу религиите и цивилизациите, што традиционално се одржува во Охрид, најави претседател Иванов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025
ФОКУС

Нови Сад: Денеска комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

ВЕСТИ November 1, 2025

Во Нови Сад, денес ќе се одржи комеморативен собир по повод годишнината од падот на…

Почнува гласањето во вториот круг од локалните избори, се изјаснуваат болните и затворениците од 32 општини и Градот Скопје

November 1, 2025

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

October 31, 2025

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025
ТИКЕР

САД: Укинувањето на монетите од еден цент носи забуна кај трговците на мало во Америка

November 1, 2025

Дрон синоќа го блокира авио сообраќајот над главниот германски град

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.