Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов до Путин: Приклучувањето кон Јужен тек е резултат на заложбите

0
By Нова ТВ on January 28, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 28, 2014 11:33

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација, упати писмо до претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

– Господине Претседателe, Ви се обраќам во пресрет на еден многу значаен датум за историјата на односите меѓу нашите две пријателски држави. Имено, 31 јануари е денот на кој, пред точно 20 години, беа воспоставени дипломатските односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација. Од тогаш, сведоци сме на континуирани заложби во градењето на државните односи во сите области од заемен интерес и во зајакнувањето на пријателството меѓу нашите граѓани, вели Иванов во писмото.

Во изминативе дваесет години, додава Иванов, можам да констатирам дека вкупните односи и соработката меѓу двете пријателски земји достигнаа ниво од кое можеме да бидеме задоволни. Во основата на цврстите билатерални односи лежи високиот степен на политички дијалог на сите нивоа. И во оваа пригода сакам да Ве уверам дека во духот на воспоставеното пријателство, меѓусебното разбирање и заемното почитување, во согласност со долгата историска, духовна и културна традиција меѓу нашите народи, како и економските интереси кои претставуваат заеднички императив, Република Македонија, како и досега на развојот на односите со Руската Федерација ќе придава највисоко внимание.

-Подготвен сум заедно со Вас, преку размена на посети, средби и личен пример, и понатаму да даваме заеднички придонес и поттик за соработка како на политичко ниво, така и во областа на економијата, енергетиката, трговската размена, инвестициите, културата, туризмот, образованието и сите останати области. Тоа се воедно сфери на соработка во кои постои сe уште недоволно искористен потенцијал, и сфери во кои ценам дека можеме да бидеме партнери, едноставно сфери кои треба да ги одбележат следните декади во нашите билатерални односи. Приклучувањето на Република Македонија кон Јужен тек, претстојната гасификација на земјата, а кое е резултат токму на заложбите и посветеноста на властите од двете земји, претставува добра основа во таа насока, стои во писмото на претседателот Иванов.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.