Претседателот Ѓорге Иванов поднесе општ акт за прекинување на сите кривични постапки против лица од власта и од опозицијата поради зачувување на државните и националните интереси, пренесе Макфакс.
Според Иванов, оваа постапка е начин за излез од политичката криза во Македонија.
Иванов истакна дека е подготвен да ги поднесе сите критики кои по оваа одлука би стигнале на негова адреса, но е убеден дека донел исправна одлука.
„Оваа криза е нечиј туѓ интерес, за нечии туѓи цели и интереси. Некој кој сака нешто да постигне, некој кој сака преку завојуваните политички лидери и нивните поддржувачи да оствари своја цел. Сето она што се случуваше во изминатиот период, резултираше со досега невидена политичка конфронтираност, со политика на меѓусебно пресметување и уништување, бескраен реваншизам и омраза и лична конфронтација“, изјави Иванов.
Еден од обвинетите во случајот „Пуч“ кој ја призна вината исто така е аболициран.