Published: Saturday, May 17, 2014 17:17
Кабинетот на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, потврди дека е примено писмо од претседателот на Република Бугарија, Росен Плевнелиев, што денеска го објавија бугарските медиуми.
– Претседателот Иванов искажува задоволство од позитивниот одговор на неговите иницијативи од страна на бугарскиот колега, што е позитивен исчекор во настојувањата за градење на односи на добрососедство. Воедно, претседателот Иванов изразува задоволство што иницијативите за заедничко чествување на одредени настани од историјата, како и преточувањето на декларацијата од 1999 година во Договор за добрососедство и пријателство ќе почнат да се реализираат во најскоро време“, велат од Кабинетот на македонскиот претседател.




