Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Македонија се сака кога се гради

0
By Нова ТВ on March 31, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 31, 2014 16:52

Во изминатите пет години каде и да одев во Македонија гледав напредок и во земјоделството, и во индустријата и во патната инфраструктура и во обновение училишта, водоводи…Ете така се сака Македонија и така се гради Македонија, порача кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов на денешните средби со жителите на Босилово, Струмичко.

– Дојдов со нова програма, за нова доверба. За следните пет години повторно да бидам претседател на Република Македонија. Работевме како тим. Пет години работевме посветено на Македонија. Работевме заедно и со премиерот, и со министрите, и со советниците, и со градоначалниците. Бевме посветени да ја менуваме Македонија. Секој пат да бидеме близу до граѓаните. Вашите потреби стануваат дел од нашите програми, истакна Иванов и додде дека се што се ветува се остарува и оти тоа го прават сите на кои народот им ја дал довербата.

Посочи дека започна реализација на проектот за отворање рудник за злато и бакар во Иловица, за што е во тек со активностите за да се привлече оваа странска инвестиција на канадската компанија „Еуромакс“ која ќе над 500 милиони долари кои ќе бидат реализирани во текот на следните пет години.

– Дополнително ќе се вложат 100 милиони долари годишно за развој на рудникот. За време на изградбата ќе бидат ангажирани од 300 до 400 лица, додека по изградбата на рудникот за бакар и злато, кој треба да биде готов за најмногу пет години, ќе се вработат од 500 до 600 лица. Индиректно или дополнително, ќе бидат ангажирани 200 до 300 работници преку компании подизведувачи, што значи дека збирно, само во фазата на изградба ќе бидат вклучени над 700 лица како нови вработувања, рече Иванов.

Потсетувајќи на проекти што се реализирани, најави дека ќе се направат уште многу работи поради, како што вели, блискоста со народот.

– Затоа што бевме и по светски метрополи, се среќававме со светски државници, но доаѓавме и за „Св.Трифун“, да ги закроиме лозјата, за бериќет. Затоа успеваме, затоа имаме доверба меѓу граѓаните. Граѓаните не чувствуваат блиски и можат да ни кажат се. Затоа и мојот Кабинет во изминативе пет години беше отворен за секој што сака да се види, да разговара со мене. Повеќе од 5 илјади граѓани дојдоа кај мене во Кабинетот. Отворив и народни канцеларии, за да можат граѓаните да доставуваат и претставки и поплаки, идеи, иницијативи, да кажат се она што ги тишти. Затоа имаме доверба меѓу граѓаните. Не сме затворени по кабинети. Ние она што го кажуваме го исполнуваме. И затоа имаме чист образ, повторно да дојдеме да бараме доверба од вас. Тоа го правиме затоа што изборот ни е Македонија. Тоа го правиме затоа што државата ни е пред се. Македонија ни е пред се, порача претседателскиот кандидат Ѓорѓе Иванов.

НОВА ги објавува содржините за изборите согласно информациите, фотографиите и видео материјалот кои ги праќаат политичките партии.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.