Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов му честиташе на Гостивар за меѓуетничкиот соживот

0
By Нова ТВ on April 6, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 6, 2014 20:56

“Кога еднаш ќе се дојде во Гостивар, се доаѓа повторно и повторно. Се доаѓа, затоа што Гостивар е град на достоинство. Доаѓав неколку пати на средби со граѓаните на Гостивар.

Сакам прво да ви се заблагодарам што пред 5 години, ми дадовте многу повеќе гласови мене, отколку на кандидатот на опозицијата. Ви благодарам. Се надевам дека и овој пат истото ќе го направиме” рече претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на митинг во Гостивар
Иванов рече дека “насекаде во Македонија граѓаните имаат исти потреби. Од Куманово до Гевгелија, од Струга до Берово, и во Скопје и во Гостивар, граѓаните сакаат подобар живот. Граѓаните сакаат иднина за своите деца. Пред се сакаат вработување за младите”.

Иванов потсети на својот став дека “за овие пет години во Македонија покажавме како се работи како тим. Како се гради државно единство, и како сите институции соработуваат меѓу себе. И затоа, сите резултати се видливи. Јас како Претседател и Премиерот Груевски и министрите, секогаш бевме посветени на една цел, да го подобриме животот во Македонија. Затоа се направени реформи во секоја област. Секаде се менува животот во Македонија. Има уште многу работа, многу треба да се работи. Но затоа имаме чист образ, повторно да дојдеме и да ја побараме вашата доверба, за да работиме како тим за Македонија”.

Според Иванов направен е успех на сите полиња: “затоа ќе продолжиме со исто темпо и со ист интензитет. На сите во Македонија да им помогнеме, за земјоделците да имаат уште повеќе субвенции и за пензионерите да имаат редовни и повисоки пензии. За студентите да има стипендии, за учениците да има бесплатни учебници. На секого во Македонија да му се помогне”.

Иванов и одговори и на опозицијата: “одредени политичари зборуваат дека не сум бил претседател на сите граѓани на Македонија. Поминав илјадници километри низ Македонија, во текот на целиот мандат, во најразлични етнички средини и секаде бев пречекан срдечно и домаќински. Така и возвраќав. На секој што бил во мојот Кабинет сум посветил внимание, без разлика од кое место доаѓа или на која заедница припаѓа. Тоа е вистината. Бев и останав еден за сите. И покрај обидите на таквите политичари да спечалат ситни политички поени, граѓаните покажуваат дека се помудри. Граѓаните препознаваат што е дневна политика, а што се долгорочни интереси и соживот во Македонија”.

Иванов рече дека Гостивар е пример за меѓуетничкиот и меѓурелигискиот соживот во Македонија. “Ви честитам за тоа.”

На крајот Иванов вети дека, доколку ја добие довербата, “младите повторно ќе бидат на мојата агенда,највисоко застапени. Тие млади бизнисмени, претприемачи, ќе бидат во секоја делегација каде што ќе одам да обезбедувам политичка поддршка, за проектите што носат благосостојба во Македонија. За проектите кои Владата ги спроведува, со цел нови инвестиции, нови инвеститори, отворање на нови работни места. По тоа се мери успехот на секој политичар, како во светот, така и во Македонија. Верувам во младите и затоа верувам во нивната доверба”, рече Иванов во Гостивар.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.