„Кога ќе дојде моментот, ќе им ја соопштам одлуката на граѓаните“, оговори Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на прашањето дали ќе се кандидира за уште еден претседателски мандат.
За изјавата на Ахмети дека нема да го поддржи на претседателските избори, шефот на државата одговори дека не знае за таква изјава на лидерот на ДУИ.
За можноста за решение за спорот за името тој рече дека не е ниту песимист, ниту оптимист, туку е реалист.
– Додека сум на ова функција никогаш не сум бил песимист, ниту оптимист, секојпат сум бил реалист. И ако сме реалисти, ја знаеме изјавата на господинот Нимиц кој е најдобро информиран во целиот процес, така што немам ништо ни да додадам ни да одземам на изјавата на господинот Нимиц, рече Иванов, одговорајќи на новинарско прашање дали Македонија и Грција сега се најблиску до решение за името, како што тврди лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервју за Алсат М.
Во врска со можноста за аболиција на новинарот Томислав Кежаровски, ако биде поведена таква процедура од Министерството за правда, претседателот Иванов рече дека ќе се постапува според законите и Уставот.




