Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Не постои незаконско финансирање на ДФРМ од страна на Агенцијата за филм

0
By Zoran Ivanov on June 19, 2024 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 19, 2024 08:23

Претседателот на Друштвото на филмските работници,ДФРМ, Игор Иванов,  одговорајќи на брифинг на новинарско прашање во врска со Извештајот на Работната група за утврдување на состојбите во Агенцијата за филм формирана од министерката за култура во заминување Бисера Костадиновска Стојчевска, напомена дека не постои никакво незаконско финансирање од Агенцијата до Друштвото. Тој потенцираше дека Државниот завод за ревизија констатирал оти средствата што ДФРМ ги има, се искористени на законски начин.

Според Иванов, наодите дека Фестивалот „Браќа Манаки“ и ДФРМ не доставувале извештаи се смешни.

Нам не ни побарале извештај ниту од Агенцијата за филм ниту од Министерството за култура. Ние имаме обврска да доставиме извештаи и истите ги доставуваме, рече Иванов.

Прашан дали ќе тужи за клевета, тој одговори дека за тоа ќе се одлучи со пошироки консултации во нивната фела.

Ние најавивме дека ќе преземеме акција, бидејќи самиот извештај е преполн со невистини. Таму има низа на работи кои се однесуваат на прекршување на процедури во самата постапка на таа Комисија, за која е големо и прашањето колку е надлежна да постапува, а и многу други прекршувања на закони. Ние ќе седнеме и ќе ги разгледаме сите можности за нашето понатамошно доделување. Се разбира, ова не е приватна компанија, станува збор за ДФРМ кое брое повеќе од сто активни члена и ќе мора тоа да се направи со пошироки консултации со нашата фела, додаде Иванов.

Тој рече дека во ДФРМ имало инспекции од Министерството за култура, од Државниот завод и од други инстанци и никој не констатирал никакво прекршување.

Во ДФРМ поминаа сите по пријави од страна на Милчо Манчевски, а и по други пријави од луѓе кои се засегнати не знаеме од кои причини поминаа сите можни инспекции. Инспекции од страна на Министерството за култура, но и од Државниот завод за ревизија, кој патем се изјасни дека парите од ДФРМ се трошени наменски. Едноставно кај нас, работата е чиста и тоа е јасно и евидентно, додаде Иванов.

За обвинувањата кон Бранко Петровски, Иванов рече дека тој како финансиски советник воопшто немал ингеренции да ги одобрува проектите на ДФРМ. Петровски одобрувал филмски проекти, краткометражни, долгометражни документарни играни филмови.

Не постои незаконско финансирање на ДФРМ од страна на Агенцијата за филм. Јас тоа не го гледам, затоа што ако Агенцијата за филм постои за нешто, тоа е за финансирање на филмот и филмските работници. Здружувањето во доменот на филмот е секаде во светот морална работа и добредојдена. Не постои Друштво што не е финансирано од страна на државата. Сите се финансирани од сопствена чланарина, но без субвенции од државата тие не би можеле да функционираат, додаде Иванов.

Уметничката координаторка на „Златна рамка“ Ана Василевска одговорајќи на прашањето како го коментира извештајот за работењето на Агенција за филм, на денешниот брифинг со новинарите, потенцираше оти смета дека Министерство за култура треба да знае дека судир на интереси во оваа држава може да констатира единствено Државната комисија за спречување на корупција.

Вообичаено, судир на интереси може да се констатира кај функционери и во никој случај тоа не може да бидат хонорарци. Едноставно, таков е законот, рече Василевска.

Внатрешната ревизија на Министерството за култура утврди дека 39 проекти добиле околу 813.000 евра, а не снимиле филмови, дека се толерирани фалсификувани документи од повластени продуценти, дека се местени конкурси од лица со судир на интереси, незаконски исплати на пари кон ДФРМ, не биле поднесувани финанасиски извештаи за Фестивалот „Браќа Манаки“ и дека незаконски се извлекувани преку фестивалот „Златна рамка“.

Контролата била извршена во текот на април и мај 2024 година.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.