Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов од Гази Баба: Вашиот глас за мене е глас за Македонија

0
By Нова ТВ on April 22, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 22, 2014 20:48

Покажавте дека и во Македонија се менува политиката. Дека политиката не се вреднува само со убави зборови и празни ветувања. Покажавте дека политиката се вреднува со број на отворени работни места, со економски просперитет и успех на Македонија. Тоа е успешна политика, рече претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорги Иванов.

– За овие пет години покажавме дека институциите не само што треба туку и мора да соработуваат. Кога соработуваат институциите во Македонија имаме израз на заедништво.

– Имаме еден глас кој ја претставува Македонија низ сите институции низ светот. Кога имаме единство во државниот врв, имаме и успеси. Тогаш не почитуваат од надвор. Тогаш сите ја забележуваат разликата.

– За тоа сведочат и 5-те извештаи што ги добивме и 5-те препораки за почеток на преговори со Европската унија.

– За тоа говорат извештаите на сите светски финансиски институции кои неколку години ја рангираат Македонија како една од најповолните дестинации за отпочнување и за водење бизнис..

– За тоа, пред сè, говори и довербата што граѓаните ни ја даваат на изборите, бидејќи препознаваат разлика.

– Претседателот на Република Македонија е избран од граѓаните и тој мора да биде постојано со граѓаните.

– Така беше и во изминатите пет години. Пет години бев со моите сограѓани. Но и тие доаѓаа кај мене, во Кабинетот, да кажат што ги тишти, да кажат што мислат за клучните прашања за државата. Можам да го сослушам секој и да забележам дека се менува ставот на граѓаните во Македонија. Нашите граѓани стануваат свесни за сите проблеми и предизвици со кои се соочува Македонија и за нив имаат свој став.

– Затоа го одбравме мотото на оваа кампања да ни биде „Државата ни е пред се“, затоа што Македонија ни е пред се, а Македонија сме сите ние. Без разлика на етничка, религиозна припадност. Без разлика кој од каде потекнува. Сите ние сме Македонија.

– Видовте во изминатите пет години дека дадениот збор е моја обврска. Сето она што е во мојата програма за втор мандат се раководи токму од вашите барања, и сето она што го истакнуваа граѓаните на Република Македонија.

– Затоа почитувани граѓани, Вашиот глас за мене, вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ е глас за самите вас, глас за вашите семејства, глас за вашите општини, глас за Македонија, рече Иванов од Гази Баба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.