Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов по средбата Хојт Ји: Неопходен е ангажманот на САД

0
By Нова ТВ on January 27, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 27, 2014 12:20

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска оствари средба со г. Хојт Брајан Ји, заменик помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на Соединетите Американски Држави.

На средбата беа разменети мислења околу севкупниот развој на билатералните односи меѓу Република Македонија и Соединетите Американски држави, како и за состојбите во врска со европската и евроатланската перспектива на Република Македонија.

Во однос на стратешките приоритети на Република Македонија, претседателот Иванов истакна дека земјава останува целосно посветена на членството во НАТО и Европската Унија и изрази очекување за американска поддршка и ангажман пред следниот НАТО самит во Велика Британија.

„Постојат два начина Република Македонија да го заземе заслуженото место во Алијансата, што ќе биде од корист за целиот регион. Првиот е преку безусловно почитување на Времената спогодба и пресудата од Хаг, и вториот е изнаоѓање на заемно прифатливо решение за наметнатиот спор во согласност со рамката во која се води процесот. За деблокада на нашите стратешки цели неопходна ни е поддршката и ангажманот на САД“, рече претседателот Иванов на средбата.

Во однос на разговорите околу прашањето за името претседателот Иванов укажa дека јужниот сосед продолжува со неодговорно однесување, избегнување на контакти и непочитување на рамката на разговорите. “Непридржувањето до рамката во која се води процесот во Обединетите нации, непочитувањето на пресудата од Хаг, не не придвижува кон постигнување на заемно прифатливо решение. Затоа очекуваме од нашите сојузници, пред се од САД, во име на поширокиот интерес да побараат разумно однесување од страна на Грција“, истакна претседателот Иванов.

На средбата со заменик помошникот на државниот секретар на САД, беше потврден интересот на Република Македонија за интензивирање на стратешкото партнерство со САД и изразено очекување за натамошно продлабочување на севкупната билатералната соработка.

Во тој контекст, македонскиот претседател изрази задоволство од интересот во САД за инвестициските можности во Република Македонија, како и очекување за продлабочување на економската соработка и унапредување на динамиката на политичкиот дијалог на сите нивоа.

На средбата беа разменети мислења и информации и за состојбите во регионот на Југоисточна Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.