Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов сака политички дијалог со Грција на највисоко ниво

0
By Нова ТВ on August 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов рече дека најголемата мерка која ќе влијае на меѓусебната доверба е ако Грција ги деблокира евроатлантските процеси на Република Македонија и овозможи да не ѝ се ускратува правото на просперитет.

Претседателот Иванов, денеска го прими грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Грција.

Македонскиот претседател го реафирмираше интересот на Република Македонија за одржување на политичкиот дијалог на највисоко ниво. Во таа насока, претседателот Иванов изрази надеж за средба со претседателот Прокопис, и покрај неговите чести критики кон Република Македонија, и изрази очекување дека реториката во иднина ќе биде поумерена со цел унапредување на добрососедските односи во духот на европските вредности и стандарди.

Во таа насока, претседателот Иванов изрази очекување дека грчкиот премиер ќе учествува на самитот на Брдо-Бриони Процесот, чиј домаќин идната година ќе биде претседателот Иванов.

– Минатиот период имав можност во повеќе наврати да разговарам со премиерот Ципрас и очекувам таа позитивна динамика на комуникација и соработка, особено за време на мигрантската криза, да продолжи и во наредниот период, како билатерално, така и во однос на проектите од регионално значење – порача претседателот Иванов на средбата.

Двајцата соговорници разменија мислења околу можниот развој на мигрантската криза во идниот период, при што претседателот Иванов изрази подготвеност за продлабочување на соработката меѓу разузнавањето и полициските служби,  во подршка на регионалната безбедност за заедничките закани и степенот на закана од илегалната миграција.

Ѓорѓе Иванов Никос Коѕиас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.