Во духот на добрососедството, грчката страна треба да покаже добра волја со цел создавање на позитивна атмосфера, за придвижување на процесот и надминување на разликата околу името. Подготвени сме за средби на највисоко ниво и интензивирање на дијалогот изјави претседателот Иванов по средбата со Нимиц.
Нимиц одби да коментира што се разговарало во Атина.
Има нова Влада и нов министер за надворешни работи со кого разговарав. Јас дадов предлог во април и тие ми ги презентираа детално своите мислења. Сега ми е јасно какви се нивните ставови, изјави медијаторот Нимиц.
Република Македонија инсистира на целосно почитување на рамката во која се води процесот, резолуциите на Советот за безбедност, Времената спогодба и на пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг“, се вели во соопштението на кабинетот на македонскиот претседател кој очекува поддршка од медијаторот Нимиц, со цел доследност кон меѓународно преземените обврски и прифатената рамка, што е од пресудно значење за процесот.
На средбата, претседателот Иванов ја реафирмираше македонската државна позиција и посветеностa за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение за разликата околу името.
Нимиц утре ќе се сретне и со премиерот Никола Груевски и шефот на македонската диполоматија Никола Попоски,




