Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Со проектот „Јужен тек“ обезбедуваме енергетска стабилност на подолг рок

0
By Нова ТВ on July 19, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 19, 2014 13:47

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов го интервју за руската агенција изјави дека на Македонија и треба стабилен извор на енергија на долг рок, а тоа го нуди токму проектот на Газпром.

„Република Македонија, како и другите земји во регионот, чувствуваат потреба за дополнителни количества на гас, како чист извор на енергија. Затоа и Македонија стана дел од „Јужен тек” за да ги искористи придобивките кои ги нуди проектот, а тоа е добивање на дополнителни количества на гас”, изјави претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во интервјуто за руската агенција ИТАР-ТАСС.

„Газпром” се согласи да ја вклучи и Македонија како дел од земјите учеснички во проектот „Јужен тек” уште во 2010 година. Преку гасоводот Македонија очекува да ги намали трошоците за набавка на енергија. Во 2013 година Русија и Македонија потпишаа билатерален договор за соработка во изградбата на „Јужен тек”.

Во последниве неколку месеци судбината на гасоводот е доведено во прашање поради ставот на ЕУ, која бара спроведување на т.н. Трет енергетски пакет. Суштината е во тоа што добавувачите на гас не смеат да бидат сопственици и на гасоводен систем во ЕУ.

„Конечно, за бизнисот во Македонија, кој бара евтини енергенси, ова е добар проект. Со реализацијата на „Јужен тек” бизнисмените во Македонија ќе можат да планираат реализација на многу повеќе други проекти, кога ќе бидат сигурни дека имаат сигурен извор на енергија. За нас е важно дека со овој проект обезбедуваме енергетска стабилност на подолг рок”, рече Иванов.

Во однос на односите со Русија, македонскиот претседател вели дека после 20 години дипломатски односи може да се заклучи дека односите со Русија се во подем, дека постојано се јавуваат нови и нови сфери на заеднички интерес и секогаш може да се направи повеќе. „Соработката меѓу двете држави веќе се чувствува и во праксата. Мислам дека во овој момент најмногу направивме за развој на економијата. На бизнис заедницата ѝ се отворија многу хоризонти за бизнис. Руски компании успешно функционираат во Македонија и македонските производи се веќе добро познати во рускиот пазар, на пример вино, храна… Останува на бизнисмените да направат повеќе. Важно е дека тендецијата оди по нагорна линија”, рече Иванов во интервјуто за ИТАР-ТАСС.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.