Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иванов: Спорот за името може да има решение

0
By Нова ТВ on May 12, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 12, 2013 12:26

Република Македонија и покрај сите блокади останува на цврстата определба за членство во ЕУ и НАТО. Прашањето за името што не оптоварува две децении може да има завршница, ако се остане во рамките на резолуциите на ОН, Временета спогодба и пресудата на Меѓународниот суд на правдата. Ако се излегува од тие рамки и се навлегува во прашања за идентитетот, достоинството и човековите права, решени нема.

Ова, меѓу другото, го истакнува претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во интервју за МИА.

Македонија, вели Иванов е конструктивна и со помош на медијаторот Метју Нимиц бара решение, бидејќи, како што наведува ние сме тие што ги трпиме последиците од однесувањето на јужниот сосед, кој не трпи никакви последици и може да не блокира уште 100 години.

Претседателот Иванов очекува на јунскиот Самит на ЕУ, европските лидери конечно да ја донесат заслужената одлука за почеток на пристапните преговори со Македонија. Се надева дека ќе се најде решение и за формирање на Комисијата за настаните од 24 декември.

Шефот на македонската држава во интервјуто за МИА оценува и дека меѓународната позиција на Македонија денес е многу подобра од пред неколку години. Во контекст на добрососедските односи и регионалната соработка, Иванов го најавува Самитот на шефови на држави или влади на земјите вклучени во Процесот за соработка во ЈИЕ на 1 јуни во Охрид, како и Дијалогот на цивилизациите, ден подоцна во струшко Kалишта.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.