Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов денеска и утре на 26 февруари , ќе престојува во Босна и Херцеговина, по повод одбележувањето на 10-годишнината од загинувањето на поранешниот Претседател Борис Трајковски и членовите на делегацијата.
Вечерва, на Јахорина, Иванов ќе оствари средба со членовите на Претседателството на Бoсна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, Небојша Радмановиќ и Бакир Изетбеговиќ соопштуваат од неговиот кабинет.
Утре, 26 февруари ќе го посети местото Ротимље каде ќе биде одбележувањето на 10-годишнината од загинувањето на поранешниот Претседател Трајковски, и членовите на делегацијата.
Свои обраќања ќе имаат Иванов и Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ.
На одбележувањето во Ротимље ќе присуствуваат и претставници на Армијата на Република Македонија и на властите од Босна и Херцеговина.




