Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ивановска: Ги охрабрувам граѓаните да пријават корупција, но и да го почитуваат Законот за укажувачи

0
By НОВА ТВ on September 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во јавноста се прави забуна меѓу оставка од морален аспект и професионална одговорност. Можеби затоа оставката на министерот за здравство, Венко Филипче ни се чини задоцнета, меѓутоа е понудена и треба да се прифати, изјави Билјана Ивановска, директорката на Државна комисија за спречување на корупцијата во Утрински Брифинг.

Во однос на локалните избори, како што истакна Ивановска, ДКСК е подготвена. Во функција е веб-апликација за пријавување на нерегуларности, како и апликација од регистарот на службени возила, со која се набљудува нивната злоупотреба.

-Имаме обезбедено набљудувачи, кои ќе бидат распоредени во неколку градови. Првпат оваа година имаме тројца аналитичари, економисти кои ќе ги сумираат резултатите од набљудувачите, појасни таа.

Ивановска изјави дека во рамки на ИПА проект обезбедена е програма, преку која граѓаните ќе можат да пријават корупција.

-Голем дел од граѓаните, на анкетни прашања одговорија дека корупцијата е препознатлива и луѓето не сакаат да ја има. Но, многу мал процент од луѓето би се охрабриле да пријават, додаде Ивановска и ги охрабри сите кои имаат свои забелешки да пријават, но и да се придржуваат до Законот за укажувачи.

Таа додаде дека потребна е соработка и со Народниот правобранител, Министерството за внатрешни работи, со цел да биде овозможено дискретен начин на пријава.

Претседателката на ДКСК наведе дека Комисијата работи и на организирање дебати за општествени теми. Досега се спроведени две дебати за урбанизам и Законот за дивоградби, а втората за состојбите во правосудниот систем.

-Третата дебата е за животна средина, а првиот дел е за отпадот. Животната средина е најважна, тоа е дел од нашата национална стратегија за борба против корупција, објаснува Ивановска.

Таа најави дека ДКСК ќе ја следи состојбата со тоа како се создава отпадот, зошто не функционираат институциите и дали има потреба од антикорупциска проверка на легислативите.

-Работевме на еден предмет за депонијата во Визбегово, каде што бевме сведоци дека се потплатуваат одредени структури што треба да бидат одговорни да нема депонија, но се носел отпад од Косово, појасни директорката на ДКСК.

Според Ивановска, потребно е да се инвестира во дронови, преку коишто ќе може да следат кој ја загадува околината и веднаш да биде санкциониран.

ДКСК Ивановска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.