Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ивановска објави дека е повикана на распит во Обвинителството по обајвувањето на кандидатурата за градоначалничка на Центар

0
By Marija Todorovska on August 15, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Билјана Ивановска, која вчера објави кандидатура за градоначалничка на Центар како кандидат на „Независни заедно“, на својот профил на Фејсбук објави дека полицијата синоќа и доставила кривична пријава.

По 11 часа откако ја објавив мојата кандидатура за градоначалничка на Општина Центар, полицајци затропаа на мојата врата. Синоќа во 20:30 часот двајца полицајци ме побарале да ми врачат кривична пријава, но јас не бев дома. Утринава веднаш појдов да ја подигнам Поканата од ОЈО Скопје за да видам за што станува збор. Ме повикуваат на разговор на 19 август. Јас немам што да кријам, имам чиста совест и не се плашам од никакви закани и ниски удари и притисоци. Мојата цел е достоинствен живот во Центар и нашата битка заедно со „Независни заедно“ е отпор против воспоставените антивредности на корупција и клиентелизам кои нè доведоа до оваа ситуација, пишува Ивановска.

Таа посочува дека навреме ќе информира за ситуацијата околу оваа кривична пријава, но посочува и дека „адреса на информирање е и Обвинителството како е надлежна институција“.

Од ЈОРСМ, пак, посочуваат дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје постапува по приватна кривична пријава поднесена  на 18.02.2025 година и презема дејствија за да ги провери наводите.

Како едно од дејствијата е испитување на наведеното лице кое во периодот на кој се однесува пријавата била претседателка на ДКСК. Поканата за испитување од Обвинителството е испратена на 25.07.2025 година и на ниту еден начин не може да се доведе во релација со политичките активности на поканетата, посочуваат од Обвинителството.

На прашањето зошто полицијата ја барала Ивановска да и ја достави кривичната пријава од Обвинителството наведуваат дека „испраќање покани преку МВР не е невообичаена постапка и се користи често, бидејќи има проблем со достава од редовната пошта“. Во конкретниот случај, наведуваат, од таму начинот на достава е избор на предметниот јавен обвинител.

Поканата според Обвинителството е пратена многу (време) пред најавата за кандидатура. Пријавата била поднесена пред шест месеци, но од Обвинителството посочуваат дека во меѓувреме се преземени многу дејствија, прибавен е конкретен предмет и извршени распити на повеќе други лица.

Досега, според Обвинителството Ивановска не е повикана на распит бидејќи пријавеното лице вообичаено последно се вика на распит.

Од ЈОРСМ не објавуваат која е причината за кривичната пријава наведувајќи дека се работи за приватна пријава и дека не се во можност да споделат детали додека не се проверат наводите дали воопшто има основ. – Обвинителството не би ни објавило дека е пријавена ако сама не обзнанеше, посочуваат од ЈОРСМ.

Билјана Ивановска ДКСК обвинителство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.