Скопје е ужасно загаден град. Оваа статистика за која се говори денеска, дека 1350 граѓани за жал починуваат како ефект од ова загадување, рече во својот говор пратеникот Игор Ивановски на трето продолжение од 80та седница на Комисијата за финансирање и буџет.
„Мене ме интересира овие двокатните кинески автобуси кои стандари ги имаат? Бидејќи познато е дека кинеската технологија на производство подразбира откупување на стар тип на мотори, коишто се 5 до 10 години постари од познатите концерни, за да при истекот на лиценците права и индустриските права на познатите светски компании и можат да ги копираат и да ги произведуваат.
– Значи и тие не се на едно високо ниво, а се платени како да се исклучително нови и квалитетни“, истакна меѓу другото Ивановски.




