„Градоначалникот Зоран Заев го именувал Панче Орцев за директор на ЈКПД Комуналец. Истиот тој е кандидат за пратеник од Струмица на парламентарните избори во 2011 година. Во тоа време Панче Орцев сеуште од позиција на директор на ЈКПД Комуналец склучил договор за јавна набавка со фирмата на сопругот на кандидатот за пратеник од Струмица, Цветанка Иванова“, објави денеска министерот Иво Ивановски.
Според него додека кампањата за парламентарните избори во 2011, е во полн ек, на кои овие тројца биле кандидати, ЈКПД Комуналец на чело со Орцев на ден 27.05.2011 исплатува 3 625 053 денари на фирмата ДИКОР ЦД ДООЛ Струмица, во сопственост на Динчо Иванов сопруг на кандидатот за пратеник од СДСМ, Цветанка Иванова, за партерно уредување на кванташкиот пазар во Струмица.

„Народски кажано, пратениците на СДСМ од Струмица си се помагале меѓу себе. Од едниот на другиот. Секако под патронат на Зоран Заев. Очигледно системот на Зоран Заев за семејно богатење функционирал и за богатење на високи партиски функционери на СДСМ“, истакна Ивановски.
Тој рече дека од доказите јасно се гледа дека семејно политичкиот октоподот во Струмица беспрекорно функционирал среде кампања.
СДСМ и нивниот лидер треба да објаснат колку нивни функционери се заплетени во мрежата од семејно политички фирми. Знаеме дека немаат аргументи за да го објаснат овој огромен скандал со јавни набавки во Македонија, но барем е доблесно да го признаат и да се извинат.




