Министерот министерот за информатичко општество Иво Ивановски на заедничка прес конферецнија со претседателот на ЗНМ, Насер Селмани вчера соопшти дека постигнат е договор интернет порталите да не се регулираат со законите, новинарите да имаат претставник во Советот на идната Агенцијата за медиуми. Третата точка за која е постигнат договор е за одредбата што се однесува на посебните забрани и која ќе се дополни со став дека секое ограничување на медиумите треба да биде во согласност со праксата на Европскиот суд.
„Се согласивме дека интернет порталите не треба да бидат дел од оваа легислатива што значи дека електронските публикации ќе се изземат од законот, се согласивме и за членот 48 кој се однесува на посебните забрани во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во кој ќе се додаде и нов став со кој ќе се вели дека секое ограничување на содржините на медиумите треба да биде во согласност со праксата на Европскиот суд за човекови права. Двете страни се согласни за застапеноста во Советот на идната Агенција за медиуми, изјави Ивановски.




