Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ивановски: Иванов му се додворува на Груевски за нов мандат

0
By Нова ТВ on December 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 23, 2013 16:29


Многу е тешко речиси невозможно да се коментира говор во кој нема ништо содржински и конкретно, или пак да се коментира човек Претседател на Република Македонија кој што самиот ја девалвираше функцијата Претседател на државата, вели Игор Ивановски од Социјалдемократскиот сојуз по повод годишното обраќање на претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов.

-Ѓорге Иванов денеска во своето обраќање де факто го завршува својот мандат онака како што го почна. Има слика нема тон. Тој свесно и по налог на неговиот шеф и патрон Никола Груевски ја девалвираше, ја маргинализираше функцијата Претседател на државата и одлучи во сите овие 5 години да биде диригиран со далечински управувач од страна на Владата на Република Македонија. И денеска, како во изминативе 5 години, Ѓорге Иванов не даде одговор на клучните прашања што ги мачат граѓаните и државата. За криминалот и корупцијата, за партизираното судство, за притисокот врз медиумите, за поделбите по сите основи во државата, изјави Ивановски.

Според пратеникот на СДСМ, најтрагично е што Претседателот воопшто не дал мислење и визија каде треба да оди Република Македонија.

„Ако веќе треба да бираме по што ќе го паметиме Ѓорге Иванов, ќе го паметиме по неговите дипломатски скандали и реторички гафови, по бунарот во Паљурци, по неговото дружење со Хунзите, по неговото намигнување на Обама, по неговото одликување на еден како што тоа го кажуваат во Европската унија, новите европски диктатори, претседателот на Унгарија Орбан. И секако, по неговата порака до граѓаните да трпат, и да ја трпат нивната мака, проблеми и сиромаштија“, потенцираше Ивановски.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ вели, на крајот, денеска не станува збор за говор на Претседателот на Република Македонија, туку говор на лицето Ѓорге Иванов, кој за цел имал да му се додвори на неговиот шеф Никола Груевски и повторно да побара уште една кандидатура за Претседател на Република Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.