Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ивановски се надева дека дискусијата со ЗНМ ќе продолжи

0
By Нова ТВ on December 25, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 25, 2013 11:40

Веднаш по усвојување на законите за медиумите за кои денеска во Собранието треба да почне расправа, ќе бидат подготвени амандамни согласно договорот со Здружението на новинари на Македонија, кои ќе бидат доставени до Владата, а потоа и до Собранието, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

– Се разбира дека понатаму сме расположени за сите останати проблематики кои што можеби на некои страни сеуште не им се јасни, да се дообјасниме. Како и за секој друг закон стоиме на тоа дека за сите објективни препораки и сето она што е потребно не се срамиме да доставиме дополнителни измени со цел да се подобри легислативата во Република Македонија, изјави Ивановски.

Ивановски истакна оти се надева дека дискусијата со Здружението на новинари ќе продолжи да функционира на високо ниво, без оглед, како што рече, дали тоа ќе биде формално или неформално.

Ивановски и претседателот на ЗНМ Насер Селмани во саботата имаа „заедничка прес-конференција за текот на преговорите околу нацрт-законите за медиуми“, како што беше наведено од министерството.

Ова го отвори прашањето дали Здружението е или не е во преговори со владата зад грбот на членството. Претседателот Селмани во саботата во разговор со НОВА тврдеше дека преговори нема и нема да има, како и тоа дека не знае зошто министерството во најавата за конференцијата се послужило со зборовите „тековни преговори“.

Самостојниот синдикат на новинарите, Македонскиот институт за мадиуми и Центарот за развој на медиуми и Фронтот за слободно изразување децидно соопштија дека се против законот за медиуми.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани во интервју за НОВА вели дека за нападите кон него дека зад грб на медиумската заедница го договара Законот за медиуми со власта, тој е немоќен да и се спротивстави на Владата, која ќе го донесе Законот, за што вели- виновни се сите: не е само власта, туку и опозицијата, невладините, ЗНМ и самите новинари.

Според Селмани имало притисок од страна на меѓународниот фактор, но дека се уште е против законот за медиуми и дека тие и министерството се усогласиле само по три прашања.

– Побараа од нас да ги доставиме нашите забелешки. Добивме одговор дека тие од тоа прифаќаат дел од нашите барања. Печатените медиуми се изземени и ќе имаат само три обврски да објават импресум и сопственичка струкгура, интернетот е надвор од регулација, во агенцијата ќе има и кандидат на ЗНМ, а секое ограничување на содржината во медиумите да биде во согласност со судската пракса на европскиот суд, рече Селмани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.