„Продајте пет коли и Трајко Велјановски нека не го обезбедува полиција, бидејќи на сабајле го блокира целиот град, оти никој ништо нема да му направи оти нема употребна вредност и ете ви пари дајте им на децата пакетчиња“ му предложи на министерот за економија, Игор Ивановски, пратеник на СДСМ и праша дали е тоа е антикризната мерка?
„60 милиони евра повеќе се потрошени до овој месец од тековното трошење на Владата, истакна денеска на последниот ден од буџетската расправа во Собранието, Игор Ивановски.
„Истото ќе се случи и на следните избори дали ќе бидат претседателски или вонредни парламентарни се едно повторно долгот на фирмите ќе им го вратите со пребивањето со ДДВ во февруари и во март, а во март спротивно на Изборниот законик и на Законот за спречување на корупција ќе ги пуштите субвенциите, трансферите кон здравствените институции ќе исплаќате вонредни социјани расходи“, рече Ивановски.
И што ќе се случи ако вие сте претседателски кандидат двата повеќе вакви незаконски трошења, му се обрати тој на Ставрески.
Само за првите три месеци се задолживте со 400 милиони евра од банките за да вратите долгови, до нова година ќе имате уште едно задолжување. До кога ќе ги држите банките зависни?, праша Ивановски.
Според него само долгот на централната влада е 44% од бруто домашниот производ без општините и останатите јавни претпријатија. Ова е врвна манипулација.
Ставрески повторно се повика на резултатите и бројките, правејќи споредба со Англиската фудбалска лига.
„Не ви ја разбирам споредбата со Арсенал и Манчестер Јунајтет, но јас навивам за Манчестер Јунајтет“, возврати Ивановски.




