Весна Миќиќ-Божиновска е нов главен и одговорен уредник на дневниот весник „Вечер“ откако претходната уредничка Ивона Талевска си поднела оставка.
Таа во изјава за „Фокус“ потврдила дека повеќе не е во „Вечер“ и дека си заминува на нејзино барање.
„Да, точно е дека си заминав од „Вечер“, на мое барање. Но останувам во „Сител“ како заменик главен и одговорен уредник“, вели Талевска.
Талевска е, инаку, обвинета во предметот „Тифани“ на Специјалното јавно обвинителство. Случајот „Тифани“ е за затајување данок во фирмите „Смарт Центар“ ДООЕЛ и „Смарт груп“ ДООЕЛ. Правните лица, според СЈО, го оштетиле буџетот за 37 илјади евра, а обвинетите за 16 илјади евра. Минатиот месец на барање на СЈО судот на Талевска и одреди мерка на претпазливост одземање на пасошот.