Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИВЗ е против учество на македонски државјни во војната во Сирија

0
By Нова ТВ on January 15, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 15, 2014 11:46

Феноменот на учество на македонски државјaни во војната во Сирија не може да се контролира, бидејќи патувањето до земјата е индивидуално, а не преку некоја институција, вели поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, Сулејман Реџепи, коментирајќи го загинувањето на дваесет и две годишниот скопјанец Алим Османи.

Тој е четвртиот граѓанин на Македонија кој загинал во сириската војна. Османи во Сирија заминал во јули и се борел на страната на силите против режимот на претседателот Башар ал Асад.

– Покритието е тоа, дека се солидаризираат со сирискиот народ кој сака да се ослободи од една невидена диктатура што се применува во Сирија, но веројатно има и сомнителни работи во тоа. Дали има поинаков мотив или интерес, тоа е веќе друга работа, можеме да претпоставуваме, меѓутоа не сме сигурни, оти не располагаме со факти и аргументи, изјави Реџепи за Радио Слободна Европа. Тој не верува дека од верски побуди македонските државјани учествуваат во војната, бидејќи тогаш не би криеле дека заминале во Сирија и ниту еден од нив не се консултирал со ИВЗ.

Според Реџепи, војната во Сирија е интерен проблем и затоа не треба да во неа да се борат странски државјани.

– Наша порака уште од почетокот кога се појави еден таков феномен, ние како Исламска верска заедница сме биле против и до ден денешен сме против тоа, заради тоа што таму се прави меѓубратски терор и не знам дали има сега поента да и се помогне на една страна на штета на другата страна, вели поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи.

Според неофицијалните информации, над стотина лица од Македонија, Србија, Косово, Албанија и БиХ учествуваат во војната во Сирија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.