ИВЗ преку битоласкиот муфтија упати критики на сметка на Груевски и МПЦ, јави ТВ Канал 5. Според информациите на оваа телевизија битолскиот муфтија критиките ги упатил во писмо.
Во писмото кое е потпишано од муфтијата Плуми Велиу од исламската верска заедница во Битола а кое според информациите на Канал 5 е напишано во координација со реисатот на Исламската верска заедница во Скопје се обвинуваат премиерот Груевски и претседателката на комисијата за односи со верските заедници Валентина Божиновска дека во обид да најдат алиби за недоаѓањето на црковни делегации од соседните земји на меѓународната конференција минатата недела тие сакале да прикажат дека виновник за состојбите е ИВЗ.
Според писмото на битолскиот муфтија Македонската Православна Црква не постои.
Премиерот Груевски и претседателката Божиновска се несреќни поради непостоењето на МПЦ во семејството на православните цркви, тврди битолскиот муфтија а причината за таа несреќа според ИВЗ не се муслиманите.