Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИВЗ останува без ветеното земјиште за изградба на седиште на Кале

0
By Нова ТВ on December 21, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 21, 2013 11:32

ИВЗ останува без ветеното земјиште за изградба на своето седиште на Кале. И покрај ветувањата од заменик-министерот за транспорт и врски, Џелал Бајрами, како што дознава Алсат-М, на ИВЗ не и било дозволено да учествува во наддавањето објавено од страна на Министерството за транспорт.

Токму земјиштето на Кале беше главна тема на состанокот од пред два месеца меѓу Бајрами и поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи. Заменик-министерот тогаш побрза пред медиумите да каже дека работата со земјиштето е завршена работа.

„За време на средбата имав можност и чест да го известам поглаварот на ИВЗ дека Министерството за транспорт и врски пред два-три дена објави јавен повик за отуѓување на земјиште во близина на градот Скопје и се надеваме дека ИВЗ ќе ја подготви потребната документација за купување на ова градежно земјиште во близина на Скопската тврдина, градежно земјиште, каде што ако даде Господ, во иднина ќе се изгради новото седиште на ИВЗ“, изјави Џелал Бајрами, заменик-министер за транспорт и врски.

„Јавноста знае дека често велевме, односно имавме итно барање за седиштето да се изгради обичен исламски центар на скопското Кале каде ќе има многу објекти, меѓу нив ќе биде и седиштето и ријасетот на ИВЗ во Македонија“, изјави Сулејман Реџепи , претседател на Исламската заедница ( 22/10/2013 ).

Кој го купил земјиштето сè уште не се знае, но долгогодишното барање на ИВЗ пропадна. Инаку претходно се шпекулираше дека земјиштето на Кале ќе ù се даде на ИВЗ како надомест за откажување од барањето за изградба на Бурмали џамијата во центарот на Скопје. Од друга страна, додека Исламската заедница се соочува со тешкотии, како со денационализацијата на вакафите претворени во државна сопственост, така и со купувањето на земјиште на атрактивни локации, државно земјиште за изградба на верски објекти добија други верски заедници. И камен-темелникот на гигантскиот крст во општина Аеродром е поставен на државно земјиште.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
ФОКУС
April 9, 2026

Руте: Трамп е во право за Гренланд

ВЕСТИ April 9, 2026

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави дека се водат преговори со САД, Данска и…

Стартува новиот систем за влез во ЕУ – од утре повеќе чекање на нејзините граници

April 9, 2026

Израел на над 100 локации го нападна Либан – стотици мртви и ранети

April 8, 2026

Пакистан го објави примирјето меѓу Иран и САД

April 8, 2026
ТИКЕР

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026

Вучиќ прогласи победа на локалните избори 

March 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.