Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИВЗ: Судот го прогласи Бузаку за поглавар, Ријасетот го признава само Реџепи

0
By Нова ТВ on April 24, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 24, 2019 09:55

Реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи останува поглавар на Исламската верска заедници. Ријасетот синоќа порача дека е единствено тело кое го назначува поглаварот на ИВЗ и дека судската одлука за негова смена и целиот случај се скандалозни, зад кои стои политиката.

-Исламската заедница е самостојна и автономна институција гарантирана со Уставот на РСМ. Го има својот Устав, ги има своите правилници и согласно Статутот ниту еден орган, ниту една институција во државата не може да одлучува кој ќе биде Реиз ул-Улема. Може ли судот да одлучува кој ќе биде поглавар на МПЦ? Таа одлука е на Синодот на МПЦ, а не е на некој друг орган. Никој не може да одлучува кој ќе биде носител на верската јурисдукција на Реиз ул-Улема. Тоа е одлука на Ријасетот, изјави Муамер Вејсели од ИВЗ.

Тој оцени дека „вакви скандалозни одлуки се случуваат само во дивиот запад, само во една држава во која не функционира правниот систем“.

– Ние сме секуларна држава согласно Уставот и во оваа секуларност согласно Законот за положба на верските заедници секоја верска заедница е уставна категорија, секоја религиозна група регистрирана во дражвата го има внатрешното нејзино уредување и внатрешната хиреархија. Согласно тоа внатрешно уредување, согласно внатрешните акти, согласно внатрешната хиреархија на поставување на органите на институциите на ИВЗ, Ријасетот е единственото тело што одлучува кој ќе биде носител на јурисдикцијата на Реиз ул-Улема, потенцира Вејсели и порача носителите на јавни политички функции да се држат подалеку од Исламската верска заедница.

Ријасетот на Исламската верска заедница синоќа оддржа седница во Кондово, по чие завршување актуелниот поглавар на ИВЗ реис ул улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи изјави дека Исламската заедница е силно огорчена од овој скандал.

Ваков скандал не паметам во исламската заедница. Ова е незапамтено и нема да се заборави, изјави реисот Реџепи по завршување на седницата на Ријасетот во Кондово.

– За цел свет сум носител на мир и спокојство, на соживот и толеранција, само овде демонстрирам сила, посочи поглаварот на ИВЗ, додавајќи дека не сакаат власт и политика која, како што рече, прави зулум во народот.

Порача дека нема да дозволи да ги злоупотребат и дека тој лично не може да се злоупотребува.

-Зборувам во име на 13 муфтивства во земјава, ние сме присутни во секоја педа од земјата и во име на сите, едногласно, беа усвоени заклучоци дека ваква власт, која се занимава со ујдурми, која шири анархија, не ни треба и заради тоа пренесувам и изјавувам дека ние ова не го сакаме, ниту го заслуживме, оти сме биле и остануваме како примерна зедница, изјави по завршување на вонредната седница на Ријасетот на Исламската верска заедница.

За него Скендер Бузаку, кој според судското решение, треба да биде новиот поглавар на ИВЗ,  е отпадник од Исламската верска заедница, дури и од исламската заедница.

Седницата следуваше откако Бузаку повикувајќи се на судското решение најави дека од денеска тој е новиот поглавар на Исламската верска заедница.

-Ќе раководам со ИВЗ согласно судско решение, рече Бузаку, дополнувајќи дека побарал финансиската полиција да направи увид во досегашното работење на поглавараот Сулејман Реџепи.

Бузаку вчера рече дека Основниот Суд Скопје 2 донел решение за разрешување на поглаварот на Сулејман Реџепи и го прифатил барањето нов поглавар на ИВЗ да биде тој, а одлуката, според него, денеска ќе биде објавена во Службен Весник.

Во одлуката на која се повикува се вели дека е донесена врз основа на записник од вонредна седница на Ријасетот на ИВЗ одржана на 30.03.2019, на која била констатирана неотповиклива оставка на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, која тој, според документот, ја поднесол на 25 март оваа година. Според записникот, на истата седница на Ријасетот одржана на 30 март, била донесена одлука за избор на Бузаку за нов реис ул улема на ИВЗ“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 28, 2026

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

ВЕСТИ May 28, 2026

Американската армија синоќа го нападна иранскиот пристаништен град Бандар Абас, а Иран возврати со напад…

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.