Published: Saturday, January 18, 2014 09:27
Неодговорен скопјанец за малку ќе предизвикал трагедија на аеродромот „Александар Велики“, кога со ласер го заслепил пилотот на авионот кој слетувал на пистата, објавуваат македонските медиуми.
Вчера, околу 17 часот, кога пилотот на авиокомпанијата Визер се обидувал да го спушти авионот на пистата во Скопје, непознато лице од правец на Петровец почнало да му свети со ласер во очите.
Пилотот успеал да остане присебен и да го спушти авионот без поголеми проблеми, но веднаш по слетувањето случајот го пријавил во котролата за летање. Известена била и полицијата, а МВР најавија мерки за да го открие сторителот.




